18.8 C
Skopje
Tuesday, May 21, 2024
spot_img

Нада Пешева е добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав Елена Вељановска, Владимир Јанчевски и Тихомир Топузовски одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ да се додели на проектот „Женското учество восовремената македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“ наНада Пешева, заради важноста, актуелноста и акутноста на истражувачката проблематика.

Прашањето за видливоста на жените авторки и ре-испитување на позицијата на жената во светската уметничка сцена, е дел од новите политики и тенденции и во современата светска ликовна критика и теорија, а прашањето за учеството на жената како авторка во современата ликовна сцена е предмет на интерес и кај нас особено во периодот по 90-тите. Оттука, истражувањето се фокусира на женското учество во современата уметничка сцена, со посебен осврт на квалитетот и квантитетот на културните политики во стимулирање на учеството на жените во современата ликовната/визуелната уметност во Македонија во периодот на 1990-тите години, но и степенот на инклузивност на родови теми во уметничката продукција.

Истражувањето ќе се осврне на референтни изложби и кураторски проекти кои застапуваат, поттикнуваат и промовираат еднаква презентација на жени авторки реализирани преку програмските активности на националните установи и независната културна сцена, но и вклучување на дела од женски авторки во колекциите на установите, во објавените публикации и слично.

Нада Пешева (1976, Скопје) дипломирала на катедрата на Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (2000). Магистрирала на тема „Културна политика и менаџмент“ на Универзитетот на уметности во Белград, Србија (2013). Во моментот е докторанд на катедрата за културолошки студии на Институт за македонска литература, УКИМ. Во потесен интерес на нејзината работа влегуваат ликовната теорија и критика, културниот менаџмент и политика, културниот туризам, културните индустрии и родовите прашања во културата. Учествувала на повеќе локални и меѓународни конференции, дебати и симпозиуми во земјата и странство и објавувала трудови во повеќе научни списанија и публикации.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,394FansLike
2,991FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ