16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Мултимедијална промоција на збирката песни „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева

Мирна есенска вечер, отворено небо, убава музика и луѓе, кои дошле со радост да ја проследат промоцијата на првата поетска книга со наслов „Карши“ на Маријана Котевска – Герогиева, која пак изгледаше прекрасно со видлива возбуда во себе.

Настанот почна со музичко читање на една од песните на авторката, а продолжи со обраќање на модераторката Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина, која прва им се обрати на гостите, најавувајќи ја вечерта и целта за која сите сме таму.

Промотори на настанот беа Иван Додовски и Сузана В. Спасовска. Беше раскажан и целиот процес на создавање на англиската верзија на „Карши“, а потоа прочита и една од песните.

Специјален гостин беше Бранислав Николов, вокалистот на групата „Фолтин“, кој преку интерактивен настап испеа стихови од песните на Котевска.

На крајот, се обрати авторката која зборуваше за процесот на пишување на песните, за нивното значење, емоциите кои ги носат и силниот впечаток кој го оставаат.

„Карши“ е книга за бескрајот на прапочетокот и на иднината кои дишат одеднаш, во исто време во стравот од крајот на мигот. Кои сме ние наспроти (карши) другите, себеси, светот, животот воопшто? „Јас сум процес, не човек“, вели Котевска-Георгиева во една од песните од кои речиси како да отсуствува допирливата, материјална и практична егзистенција. Во нејзината метафизичка поезија постојано лебди чувството на немоќ да се пронајде и да се живее вистината, ниту во себе, ниту во другиот. Таа лимитираност носи неизвесност и страв од мигот во кој се судираат два бескраја – оној на минатото и оној на иднината.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Англиската верзија на стихозбирката, со наслов Across from me, е со превод на Никола Гелинчески.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ