Дома Инспирација Музичка приказна: „Носталгична љубов“ на кларинетистот Благој Ламњов

Музичка приказна: „Носталгична љубов“ на кларинетистот Благој Ламњов

Благој Ламњов е кларинетист од Велес, кој живее и работи во Шведска. Вниманието на културната и музичката јавност го привлече со деби-албумот „Носталгична љубов“. Албумот е фантастично музичко уживање кое дефинитвно нема да ве остави рамнодушен. Увото на публиката буквално се лепи на нотите кои освојуваат брзо и лесно.

Од албумот „Носталгична љубов“ огромно внимание предизвика инструменталната верзија на велешката песна „Сербез Донка“ која е аранжирана од Карл-Јохан Анкарблум.

Благој дефинитивно многу вешто создал одличен спој на традицијата и класиката. Албумот „Nostalgic Love“е објавен во јуни 2019 година во Шведска. Овој албум се состои од песни без зборови под влијание на македонската народна музика, ароматизирани со неколку други музички стилови, изведени со елеганцијата и убавината на класичната музичка традиција и класичниот звук на кларинет, стои на неговата официјлана страна достапна на интернет. Моите песни се погодни за речиси секоја инструментална плејлиста и создаваат убави и смирени чувства во твоето срце, стои на официјалната страна на Благој.

Фотографија на Роберт Крстевски

Првата турнеја Благој  ја направил како 13-годишно момче и оттогаш настапувал во повеќето европски земји, Кина, Јапонија, САД и Канада. Во неговата биографија стои дека работел за големи институции како што се Универзитетот во Гетеборг, Универзитетот Лунд, Стокхолм Стадштатерн, операта во Малме, симфонискиот оркестар Хелсингборг. Како солист дебитирал со со симфониски оркестар со симфонискиот оркестар Норшепинг во Шведска во јануари 2020 година. Благој поседува диплома за изведба на класична музика од Музичката академија во Малме во Шведска, како и диплома за изведба на Колеџот за изведувачки уметности во Чикаго во САД.

Exit mobile version