2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021
spot_img

Музиката е мојата иднина – Сакам да продолжам да се образувам во мојата татковина

Македонија има таленти со кои може да се гордее. Тој е дел од новата млада генерација за која можеме слободно да кажме дека се вистински амбасадори кои достојно не претставуваат низ светот. Леонардо Димоски е талентиран виолинист од Прилеп.Тој има 16 години, а досега успеа да освои многу признанија на светско ниво. Последната е во месец септември годинава, кога 100 поени и првата награда на онлајн-натпревар „Опус артист – Париз“. Претходно го освои второ место на светскиот натпревар „Persatuan Chopin Malaysia“ што се одржа во Малезија со 560 учесници од 38 држави од пет континенти. Леонардо настапи и на Интернационалниот онлајн-натпревар во Москва, каде што ја освои третата награда, а во жирито беа еминентни професори од Московскиот конзерваториум.

Екипата на Приказна направи интервју со овој млад и талентиран музичар.

ПРИКАЗНА: На колку години почна да свириш виолина?

ЛЕОНАРДО: Свирам виолина од мојата седма година. Основното музичко училиште го завршив во Прилеп, во класата на професорката Оливера Трајкова, ментор професорот Ванчо Стоилков. Денес сум трета година во средното државно музичко училиште во Битола во класата на професорката Оливера Трајкова, а ментор ми е професорката Сихана Бадивуку.

ПРИКАЗНА: Како се подготвуваш за учество на меѓународни натреварувања?

ЛЕОНАРДО: Пред секој натпревар следи огромна работа и ангажман. Имам поинтензивни часови со моите професорки. Се случува и по неколку часа во денот, да ги поминам во свирење. Трошам многу енергија и внесувам многу емоции, за да може делото, не само механички да биде отсвирено, туку и да разбуди чувства.

ПРИКАЗНА: Како се чувствуваш пред натпревар?

ЛЕОНАРДО: Имам некој вид на трема која исчезнува кога ќе почнам да свирам. Секојдневно работам на тоа да можам да владеам со себе и физички и психички. Сметам дека кога чувствуваме страв или трема најдобро е да се соочиме со неа.

Нема опис за фотографијата.
Камерен концерт Вила Водно, 2020

ПРИКАЗНА: Дали е стресно учеството на меѓународни натпревари?

ЛЕОНАРДО: Не го доживувам стресно. Тоа ми е можност да видам како свират најдобрите музичари, но и да откријам, кое е моето место во таа конкуренција, во категории со возрасни учесници.

ПРИКАЗНА: Колку време ти е потребно за подготовка пред натпревар?

ЛЕОНАРДО: Сè зависи од материјалот на кој се работи. Некогаш не се доволни ни месеци за да го сработам делото. Вежбам сè додека не почувствувам сигурност во себе.

Можно е да е слика од 1 лице, свири музички инструмент и музички инструмент
Леонардо Димоски

ПРИКАЗНА: Каде би сакал да го продолжиш своето образование и кариера?

ЛЕОНАРДО: Музиката е мојата иднина. Сакам да учам во мојата татковина Македонија, бидејќи имаме доста квалитетни професори од кои може многу да се научи.

Можно е да е слика од текст кој вели „MusicCompetitionOnline Bienvenue à «MusicCompetitionOnline>! Music Competition Online® est une opportunité pour les musiciens de se développer comme artiste au contact des autres. Faire dela musique haut niveau est difficile, mais les différentes expériences musicales ou de vie, permettent de maintenir sa passion et pour- quoi pas de lancer une carrière musicale“
 Престижниот онлајн-натпревар „Опус артист – Париз“ (MusicCompetitionOnline 2021 – Opus Artis Paris – Vanves – France)

Светските успеси на овој млад македонски виолинист се резултат на неговата голема музикалност и упорност во свирењето. Веќе десет години виолината му е секојдневен другар. Леонардо вели дека волшебниот звук на виолината допира до него на посебен начин, а тоа е инспирацијата и мотивот за сите успеси кои досега ги има постигнато.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

2,348FansLike
1,235FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ