15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

„Мистеријата зад женскиот поглед“ – изложба на фотографии на Ерина Богоева

Убавината на жената не се наоѓа само во нејзиниот физички изглед. Напротив, таа извира од истрајноста, упорноста, креативноста, посветеноста да се исполни сопствениот потенцијал. Сите овие работи се присутни во погледот на една жена и без разлика на тоа каде тој е вперен, очите цврсто гледаат кон крајната цел. На гледачите од страна им останува задачата да одгатнат која е мистеријата зад погледот на една жена. Ова е мотивот кој извира од изложбата ба фотографии на Ерина Богоева.

Изложбата ќе биде отворена на 05.10.2021 (вторник) во 19ч. Во просториите на Котур – Кафе и Филм.Од 06.10.2021 (среда), изложбата ќе се пресели во просториите на Europe House Скопје и ќе остане отворена за посетители до 15.10.2021

Во оваа серија на портрети, Ерина прикажува млади и талентирани жени кои и покрај сите ограничувачки фактори што може да ги има во една вака мала средина, не престанале да се трудат, да творат и на патот кон својот успех да се обидуваат да остават свој печат врз македонското културно миље. Тоа се актерки, уметници, режисерки, писателки, мејкап артистки, дизајнерки и со еден збор – креативци кои својот најмоќен израз го даруваат на една или друга уметност

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ