16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Мартина Давидовска за битката со анорексија: Луѓето кои имаат проблем со анорексија, имаат многу ниска самодоверба

Свесно навлегував во состојба на анорексија. Почнав од нешто што изгледа сосем безопасно, за да после кратко време почне да зема се поголем замав. Вака нутриционистката и фитнес тренер Мартина Давидовска ја почнува својата приказна поврзана со борбата со анорексија нервоза.

Почнав со тренинзи, со трчање, кардио. Прво почнав свесно да не јадам. Си велев оваа намирница не е добра, ќе ја исклучам, а многу повеќе ќе си тренирам. Сето тоа почна така. Зголемував тренизни, а намалував исхрана сè додека не се доведов до моментот да сум со 100 до 200 калории на ден. Тоа беше една фрапантна бројка, па дури и отворив тефтер во којшто запишував колку калории ќе внесам, а колку ќе потрошам, за да на крај сфатам дека човековиот организам и човековото тело не функционира на тој начин и дека на дневна база ни се потребни многу калории за да може да функционираме и во секојдневниот живот, па и во спортот, споделува Мартина.

Кога ја прашавме за причината, Мартина искрено вели дека сè уште не може да ја пронајде вистинската, но се согласува дека притисокот од општеството за убав изглед, пред сè кај девојките, има удел во целата нејзина состојба поврзана со анорексијата.

Мене ми требаше околу година ипол до две, но со епизоди на враќање. Навлегов и во светот на модата. Излегов еден период, сама се изборив. Ова е сè психолошка игра. Ова не е игра некој да ти ја наметне, па ти да мислиш дека така треба. Ова е борба сам со себе. Почнав да се борам сама со себе, добив и факултетска диплома, положив и за кола, па тоа и ми даде тоа некако надеж дека сепак јас сум добра. Всушност, луѓето кои имаат проблем со анорексија имаат многу ниска самодоверба. Јас отпосле тоа го сфатив и сè уште го сфаќам дека тоа е рака. Многу пати ми се наруши самодовербата за да се изградам сега како што сум, вели Мартина.

Поддршката и укажувањата од семејството и блиските луѓе биле одлична причина Мартина да ја победи оваа состојба.

Имав помош од мајка ми, сестра ми и мојот вереник. Еден ќе ми помогне во спортот, друг во исхраната, за да сега знам сè сама, додава Мартина.

Документарен магазин Приказна

За крај совет до сите девојки и момци, кои сè уште не се доволно свесни за последиците од анорексијата.

Мојот совет до сите е да се посоветуваат со нутриционисти и фитнес тренери. Да побараат нивна стручна помош за да излезат од сето тоа, па доколку е потребно и помош од психолог. Не е срамота и не е табу да се оди на психолог. Тоа само помага емотивно и психолошки да се изградиме. Никогаш не се споредувајте со други личности, порачува Мартина.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ