26.8 C
Skopje
Saturday, April 13, 2024
spot_img

Мажи на колена молат за женска скромност во Загреб, жените исправено ги пресретнаа: Патријархатот ги убива жените

На главниот плоштад во Загреб, во саботата на 04.03.2022, мажи спровеле групна молитва за скромност и чесност во облекувањето на жените, пренесуваат хрватските медиуми. Станува збор за собир на екстремни католици, кои се организираат преку повеќе здруженија, пренесува порталот Индекс. Ваква групна молитва, првпат била организарана во октомври 2022.

Принт скрин

Барањето на мажите за нивен авторитет во семејството е ретрограден, противуставен и антицивилизациски, реагираат женските здруженија во Хрватска со јавен протест. Според нив, ваквите поворки со барање за потчинување, односно дискриминација на жените, треба да бидат забранети, наместо да добијат дозвола за да се случат. Дел од здруженијата бараат и јавно да се откријат организаторите.

Според уметницата Аријана Фридрих, како што пренесуваат хрватските медиуми, зад овие луѓе, стои здружението кое одиграло клучна улога во забранувањето на абортусот во Полска. Женските здруженија со реализација на јавниот настан „Тивка миса“, реагираат на ваквите собири, укажувајќи дека на овој начин се уназадуваат женските права и безбедноста на жените.

Принт скрин

Тивката мисија станува погласна: Нема да живеам на колена

Ова е четврта Тивка миса која ја организираме. Со неа сакавме да предупредиме на поразителната статистика за безбедноста на жените во општеството. Изминатиот месец имавме 13 ружи за 13 фемицид жртви во Хрватска за минатата години, изјавила за Н1 една од организаторките на протестот против собир за чедност.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,231FansLike
2,800FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ