18.8 C
Skopje
Tuesday, May 21, 2024
spot_img

Лична приказна: Младите си го загрозуваат животот, мислејќи дека е кул да злоупотребуваш наркотици

Мислим како средношколец влегол во светот на дрогата, свет кој за кратко време почнал да царува со нивниот живот.

Од 15 години почнав да користам марихуана, понатаму западнав и во кокаин и други токсични супстанции. Кога ќе ме прашаше некој дали имам проблем, дали ми треба помош им велев не. На другите околу мене јас им нудев решение, не гледајќи дека се упропастувам и го губам целиот животен потенцијал. Како што одминуваше времето, видов дека не можам јас без дрогата да функционирам и дека ми станува дел од моето секојдневие, па си се оправдував дека тоа е начинот на живеење и како треба да биде, кога сакам можам да го сменам. Секој момент кога пробував да се оддалечам од дрогата, гледав дека имам симптоми на одвикнување, кризи, депресија, несоница, нарушен дигестивен систем, вознемиреност, анксиозност. Така видов дека јас не можам нормално да функционирам и дека зависам од некоја супстанца. Тешко ми беше да го увидам и прифатам тоа, споделува Мислим.

Тој додава дека проблемот со злоупотребата на дрога, започнал во неговото рано детство. Кога не можев да се соочам со семејните проблеми, со некои престапи кои сум ги направил, изопачени однесувања кои не сум ги споделил … на крај се повлеков и станав интровертен тинејџер кој не можеше да се вклопи во друштво. Бев исмејуван, потиснуван. Со цел да се докажам дека и јас сум кул и правам одредени работи, сторив лажна слика за мене дека сум корисник на наркотици. Така се запознав со друштво и луѓе кои живеат во тој свет и стигнав до првиот „џоинт“ кој навидум беше како решение на сите тие проблеми и потиснати работи што ги имав, не гледајќи ги последиците и крајниот резултат од сето тоа.

Тој отворено говори за овој животен предизвик, со цел да допре до младите луѓе, да не го следат неговиот пат.

Кога целосно почна да се губи контролата на моето умствено здравје, кога почнаа паранои, нездрави мисли, тогаш видов дека имам сериозна штета нанесено на мене и дека е проблем кој бара решение. Кога прифатив дека имам проблем и кога настанаа тие хаотични ситуации, првично завршив на психијатриски дроги кои беа на рецепт и за момент ја потиснуваа таа ситуација. Не беа трајно решение, па завршив во уште поголеми психотични состојби. Случајно дознав за нарконон програмата и се заинтересирав веднаш затоа што го нудеше природниот излез и начин на решавање на тој проблем со суплементација. Тогаш бев спремен и подготвен да влезам во тој процес на рехабилитација, раскажува Мислим за Приказна.

Поддршката од најблиските е клучна во целиот овој процес. Клучна, вели Мислим и додава, во текот на рехабилитацијата имаше денови каде што не го почнував денот за себе, туку бидејќи знам дека некој ме чека дома.

Одвикнување е само првиот чекор од програмата. Во тој процес имав искушенија, но веднаш се засрамив од помислата бидејќи на вистински начин го решавам проблемот. Порано или подоцна мора да се сносам со тие тешкотии и да ги надминам.

Целата програма е рехабилитација, едукација и превенција од таков начин на живот. Одвикнувањето е најлесниот начин во текот на програмата. Што со загаденото тело, што со незнаењето да се справи со животните проблеми, тоа е поважниот дел за мене од програмата.

По одвикнувањето доаѓа детоксикација, каде лицето се ослободува од сите токсини наталожени во својот организам, ја обновува својата виталност и благосостојба. Учи комуникациски вештини со цел полесно да се справи со тешкотиите на кои наидува и да има разбирање за себе и за сите луѓе околу него преку комуникација. Се стабилизира во сегашно време и учи да се сноси со објективната реалност која вистински постои и како да се справува со тие објективни и реални проблеми.

Документарен магазин Приказна

Се едуцира за единките околу него, личностите, какви карактеристики имаат тие личности и кои се луѓето со позитивна намера што сакаат тој да напредува. Ги одбира нив да бидат околу него и учи како да ги одржува во неговиот круг и како да напредува заедно со нив. Стекнува личен интегритет, чесност и етика, вредности кои не само кај луѓето што користат дрога, туку и општо кај луѓето се изгубени. Самиот продукт на програмата е член на општеството кој придонесува и е вреден.

За мене е покул младите да се држат до своите амбиции и цели. Не можеш да го владееш светот, ако не се владееш првично себеси. Не можеш да искусиш вистинско задоволство ако не си страдал претходно и не можеш да бидеш вистински слободен ако не си ги надминал препреките во животот, раскажува Мислим.

За жал, во Македонија постои ниска свесност за оваа проблематика. На почетокот најчесто бев етикетиран, па и јас самиот си ја ставав етикетата дека тоа е начинот на живот кој го живеам и така ќе живеам до крајот. Самата програма ме научи да уживам со своето постоење. Со тоа постоење и углед и тој карактер што го изградив, тие разумни единки кои беа околу мене го сфатија тоа и ме прифатија како таков. Тој што не ме сфати и не ме гледа како таков, не заслужува да биде во мојата околина. Таа самодоверба, среќа и исполнетост во животот е нешто што го стекнав токму на таа програма, споделува Мислим.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,394FansLike
2,991FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ