15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Лична приказна: Младите преку бизнисот, го носат светот дома

Ме охрабри моментот дека во Скопје нема ваков објект каде се нуди свежа тестенина, се подготвува сос и се тоа го гледа самиот потрошувач, нешто што е различно и ново. Имавме малку страв на почеток, но сега за сега сме навистина задоволно од одзивот и критиките. Тоа не тера само да одиме напред, вели Емилија Шумановска од „Јес паста“.

Емилија веќе една година е млад претприемач. Ако го броиме и времето кога настанала нејзината идеја за бизнис, тогаш тоа се шест години. Години кога се размислувало, анализирало, каде се разработувале идеи за тоа што денес претставува нејзина креативна работа.

Како идеја е нешто што траеше повеќе од 6 години и крајот на 2019 решив да го остварам како идеја. Се случи корона и се пролонгираше, но на крај во септември одлучивме да го отвориме ова место. Ме охрабри моментот дека во Скопје нема ваков објект каде се нуди свежа тестенина, се подготвува сос и се тоа го гледа самиот потрошувач, нешто што е различно и ново. Имавме малку страв на почеток, но сега за сега сме навистина задоволно од одзивот и критиките. Тоа не тера само да одиме напред, вели Емилија Шумановска од „Јес паста“.

Емилија очекувала еден тон предизвици на патот, но не случајно се рекло среќата ги следи храбрите.

На почетокот стратегијата беше да одиме на реклама, но и потрошувачите да дознаат за нас. Растеме во секој поглед. Сега имаме и поголем избор, според побарувањата на потрошувачите. Се учиме и ние, заедно со потрошувачите. На тој начин созреваме и се учиме да бидеме подобри, додава Емилија.

Приказна ЕП30 – Стартап приказни во Македонија

Да се биде млад претприемач дома и сега во ова време, значи креативност и одговорност, но и повеќе млади кои својата иднина ја гледаат во својата земја.

Работите за разлика од порано се доста променети. Многу ме радува што младите се иновативни и што на секој чекор веќе не се отвора тоа што веќе го има, туку пробуваат да донесат нови работи. Квалитетот е најважен за да вашиот бизнис успее.

Да се биде млад претприемач е предизвикувачки, но истовремено и многу задоволувачки. Секоја нервоза, препрека и недоразбирање се решава, само ако со љубов и целосна посветеност се вложиш во тоа што го работиш. Ова е формулата за успех, вели Емилија.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ