8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Лидија Лукова: самодовербата е клучна во справувањето со стресот

Стресот е природна реакција на телото која помага да се подготвиме за тешки или опасни ситуации. Оваа реакција почнува во мозокот, кој предизвикува да се лачи голема количина на хормони кои стигнуваат до сите делови на телото. Поради тоа црцето почнува забрзано да чука, се зголемува крвниот притисок, се забрзува дишењето и мускулите се напнуваат, вели за Приказна Лидија Лукова, психотерапевт.

Приказна Како се појавува стресот?

Лукова Стресот се случува кога почнуваме да веруваме дека сме под стрес, како резултат на автосугестија, се намалуваат силите на телото за успешно да ги врши секојдневните активности. Од друга страна, стресот претставува ненадејно и неочекувано „нешто“ кое е непријатно, но често пати тој се појавува во позитивни задачи и ситуации кои се поголеми од секојдневните.

Последиците од стресот можат да се јават врз целата презентација на човечкото суштество, и во однос на неговиот организам како целина и функционирање, и во однос на неговата ефикасност како целина во секојдневието.

Приказна Кои се сигналите по кои може да се препознае стресот?

Лукова Стресот може да предизвика телесни тегоби во вид на главоболка, нерасположение, немање на иницијатива да се започне каква било акција, слаба реализација на постоечките задачи, сè поголемо незадоволство од себеси.

Првата компонента на стресот е неизвесноста. Прашањето „што ќе биде сега“ ги буди биохемиските механизми во нашиот организам кој го прават мобилизиран да ја чека, дочека или евентуално да ја реши ситуацијата. Елементи на стрес може да бидат: потење, ладни раце и нозе, нарушување на процесот на дишење. Стресот честопати е поврзан со изненадување. Тој може да се појави и поради испит кој не е положен. Но, доколку напорно се работи за испитот, тој може и да се избегне.

Приказна Како да го пребродиме стресот?

Лукова За пребродување на стресот, многу важна работа е самодовербата. Ако човекот има добра самодоверба и не е научен од претходно доживеаните искуства, да се потпира на други за да му помагаат, тој секогаш е наоружан со самодоверба, која претставува најважното оружје во справувањето со стресни ситуации.

Документарен магазин Приказна

За Приказна

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ