7.8 C
Skopje
Wednesday, November 29, 2023
spot_img

Лејла Рамковска: Јогата помага да го контролираме стресот и да дишеме правилно

Таа e една од најпопуларните инструктори по Аштанга јога кај нас. Оние кои добро ја познаваат, за Лејла Рамковска ќе кажат дека поседува особено смирена енергија. Кога животот ќе те стави пред предизвици, важно е во нив да најдеш инспирација, а потоа да излезеш посилен и подобар, а токму таков е и нејзиниот пат во јогата. Од најтешките животни искушенија излезе посилна, спокојна со нови вештини и знаења. Јогата го откри оганот кој тлее во неа сама.

Со јога почнала откако и било дијагностицирано дека центарот за баланс и е нарушен, имала константни вртоглавици, дел од стрес, дел од спондилоза и дискус … Првично почнала со физикална терапија. Но, потоа ја заменила со јога во домашни услови и сфатила дека јогата и помага повеќе од сите терапии.

Што претставува јогата ?

Лејла Можам да кажам многу дефиниции, но, ќе тргнам од своја сопствена причина зошто почнав со јога и која е главната придобивка од истата. Едноставно соединување, соединување на сопствениот систем.

Многу често знаеме да функционираме како телото да ни сака едно, умот сосема друго, срцето си кажува трето и имаме апсолутен дисбаланс, немаме конекција во самиот систем. Првично е запознавање на себеси и создавање на координација на целиот систем и баланс. Понатаму кога ќе се постигне тој баланс во телото, се рефлектира кон своите најблиски, на околината итн.

Кој видови на јога се најчесто практикувани кај нас?

Лејла Ако пребарате на интернет ќе ви излезат безброј варијанти, но меѓу најпознати стилови кои можат да се разберат е хата јога која е малку постатична. Се преоѓа од позиција во опозиција. Потоа тука е и павер јогата која ја држам јас. Таа е инспирирана од традиционална штанга јога и е подинамична, фокусот е во балансот на рацете. Таа е супер стил на јога за оние кои за себе велат дека се темпераментни. Аштангата како стил е фокусирана на дисциплината, точно се знае како започнува, како завршува и е наменета за тип на луѓе кои сакаат ред.

Постојат и типови на јога каде малку повеќе се дава значење на дишењето.

Дали кај нас е популарна кот јогата?

Лејла Не, такво нешто не постои кај нас. Бара специјални услови, а и инструкторот кој би го држел тој тип на часови, треба да е добро обучен, не е за секого.

Јогата ни дава виталност и енергија, стекнување флексибилност што значи младост, тонирани мускули, а ни обезбедува и заштита од повреди. Но, ова се само дел од придобивките од вежбањето.

Кои се придобивките од практикување на јога?

Лејла Многу е едноставно. Сите имаме проблеми со ’рбетот. Во текот на годините, некаде ќе се соочиме со болката. Во јогата се учи како да се користи јадрото. Знаеме како да го контролираме стомакот и нè држи стабилни. Држењето е многу важно во секојдневието.

Во светот е докажано дека јогата го намалува стресот и го подобрува моментот на препознавање на стресот, но и како да се смириме преку дишењето. Со јога може да се започне и на 50-60 години. Јога може да започне секој човек. Јогата се дели на повеќе сегменти. Денес е многу едноставно, достапни се безброј видеа за секоја човекова потреба.

Документарен магазин Приказна

Дали јогата и медитацијата одат рака под рака?

Лејла Тоа е интересно. Јас кога бев на курс за да завршам и земам сертификат, медитацијата не ми беше омилен дел. Но, ме научи многу. До ден денес, медитацијата ретко кога ја применувам. Знаете како, тоа движењето и онаа хармонија, во комбинација со начинот на дишење, сè тоа е медитација и апсолутна концентрација. Ми бараат силна присутност во моментот кога ги правам оние тешки позиции, кои изгледаат многу интересни на Инстаграм.

Бев воодушевена како може цел фокус и енергија и цела концентрација да ја собере во една позиција. Правилното дишење е она дишење кое го правиме свесно. Ние несвесно задржуваме здив. Кога ќе ни дојде некој стрес, ние не дишеме. Првично тоа се учи и е многу лесно. Јогата не е ниту лесна ниту тешка.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

4,859FansLike
1,878FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ