-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023
spot_img

Крушата паѓа под крушка 

Доколку сте забележале дека во стресни ситуации реагирате како вашата мајка, еве зошто е така.

Нашите мајки се животен пример, но и тие не се совршени. Имаат свои лоши и добри страни. Во текот на детството, несвесно ги преземаме нивните модели на однесување, па еден ден се „фаќаме“ себеси како во одредени ситуации, реагираме како нашите мајки, изгледаме како нив, па дури и ги воспитуваме нашите деца на начин на кој не воспитувале.

Како стануваме слични со нашите родители?

Прво, тука е генетиката која одредува дури 80 посто од нашите телесни карактеристики, како што се обликот на телото, бојата на очите, косата. На пример, ќерката на жена која рано влегла во менопауза, исто така ќе влезе рано во менопауза, мајка која има мускулна телесна градба, најчесто има ќерка која многу лесно добива мускулна маса, додека пак мајки кои никогаш не биле поборници за фитнес, сигурно ќе имаат ќерки кои повеќе ќе сакаат да прават некои други работи повеќе од тоа да вежбаат.

Според некои истражувања, бидејќи ние сме социјални суштества, се развиваме преку интеракција со другите.

Затоа раното детство, силно влијае врз развојот на нашата психа. Најголемо влијание врз нашиот иден живот имаат родителите, браќата и сестрите и односите со нив.

Што се случува со ќерките кога одеднаш ќе почнат да се однесуваат како нивните мајки?

Според научниците, нашите неврони бараат познати обрасци, особено кога се наоѓаме во стресна ситуација, како што е расправија со партнерот или ако вашите деца ве нервираат, а единствените познати шеми се оние кои сме ги имале во нашите семејства.

Девојките имаат многу тешка задача низ нивниот психолошки развој: едновремено треба да се одвојат од ликот на својата мајка, но и да се идентификуваат со неа. Многу жени во текот на животот се борат да ги променат шаблоните на нивните мајки, кои воопшто не им се допаѓале, а и за кои се свесни дека треба да се променат.

На крајот од денот, самите правиме животни избори. Сами одлучуваме како ќе реагираме, како ќе се однесуваме, какви ставови ќе застапуваме. Не сме предодредени само поради тоа што нашите родители се однесувале на одреден начин. Затоа, ако некој ви каже дека станувате како вашата мајка (а не ви се

допаѓа особината или реакцијата што ви ја припишуваат), насмејте се, свесни дека вие сте креатор на сопствената среќа и сопствениот живот …

Ова се само дел од славните личности кои имаат физички сличности со своите ќерки.

Мајли Сајрус со својата мајка Тиш
Кејт Мос со ќерката Лила Грејс Мос
Рис Витерспун и ќерката Ава
Синди Крафорд и Каја Гербер
Лиса Бонет и Зои Кравиц

Колку сличности имате со вашата мајка?

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,896FansLike
1,528FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ