16.8 C
Skopje
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Книгата „Авантурите на До“: Детска приказна со поука да ги сакаме различностите

Публицис Македонија која мината година одбележа 25 години постоење, со инспиративен настан- промоција на книга, се вклучи во глобалната иницијативата на групацијата Публицис – „Viva la Difference“, чија мисија е еднакви можности за сите, без дискриминација по кој било основ.

Во Концепт 37 на 27.06.2022 промовирана е книгата „Авантурите на До“, која ќе ја збогати македонската културна ризница. Автор на приказната е Билјана Црвенковска, а илустрациите се на Иван Петрушевски кој е дел од креативниот тим на Публицис Македонија.

„Авантурите на До“ веќе е преведена на неколку јазици и дистрибуирана во канцелариите на Публицис во Адриатик регионот, Полска, и Грција. Книгата првенствено е наменета за вработените и нивните деца, но и за клиентите, соработниците и пријателите на Публицис и нивните деца. Во тек е превод и дистрибуција на книгата на неколку други европски јазици.

Актерот Сашко Коцев во улога на промотор, изјави: добиваме една интересна и забавна книга која нè учи колку сите ние сме различни, и дека дружењето со различни деца е вистинско богатство со кое се стекнуваме од најрана возраст. Правилната едукација во раното детство е од критична важност за поставување во иднина на темелите за концептот на еднаквост и прифаќање на различностите. Односот кон книгата треба да се гради од најмала возраст, а со читање стануваме подобри луѓе, добиваме ширина во карактерот, додаде Коцев.

„Авантурите на До“ во издание на Бегемот, е книга за несовршеното дете До и неговите авантури, која преку различни приказни раскажува како тоа се соочува со различностите и како го создава својот свет на пријатели.

Генералната менаџерка на Публицис Македонија и Хрватска, Александра Дилевска Симова, на промоцијата истакна дека книгата „Авантурите на До“ e детска книга која ја слави различноста, еднаквоста и инклузијата. Книгата ќе им помогнеме на децата, да разберат и научат дека различностите се убави, сите сме еднакви, исто вредни и важни.

Славењето на различностите за Публицис, значи поттикнување убава енергија, иновативност и прогресивност во секое поле на делување. Но, едновремено и спротивставување на растечката нетолеранција по различни основи, борба против дискриминацијата и предрасудите во општеството, со цел создавање на поотворен и инклузивен свет.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,541FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ