16.8 C
Skopje
Monday, May 23, 2022
spot_img

„Кико“, првиот дигитален читач на македонски за лицата со оштетен вид

Лицата со проблеми со видот во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма

• На барање на „Сојузот на слепи на РСМ“, јас и мојот колега Кристијан, учествувавме во изработката на апликацијата „Кико“. Најпрво ја изработивме техничката спецификација за овој проект, а потоа бевме надлежни за контролата на квалитетот на самиот глас. Значењето на гласот за слепите лица е големо. Една од главните причини што кај лицата со оштетен вид ИТ писменоста е на ниско ниво е тоа што немавме модерен македонски глас кој ќе ги следи јазичните правила на македонскиот јазик, вели за „Приказна“ Ертај Шашко, еден од учесниците во изработката.

Досега лицата со проблеми со видот, имаа две алтернативи. Едната беше да се користи глас постар од 20-тина години, којшто не е направен на македонски јазик, туку нашиот јазик е адаптиран и приспособен. Втората алтернатива со која се снаоѓаа членовите на сојузот е да се користат гласови од јазиците во регионот.

• Гласот „Кико“ кога е активен на компјутерот или на телефонот, чека внес на податоци во форма на текст. Кога го добива текстот, автоматски генерира аудио клип којшто е многу оптимизиран. Штом се добие тој текст, гласот почнува да го чита. Покрај работа гласот може да се користи и за забава и за комуникација со пријатели. Значењето на овој глас е голем чекор напред. Пред нас имаме уште работа. Сега го имаме гласот, но мора да се фокусираме и на обуки, на помладите и постарите слепи лица и заедно да го кренеме нивото на ИТ писменост кај нас, бидејќи во регионот заостануваме многу, а во споредба со запад сме многу назад, додава Ертај.

Освен лицата со оштетен вид, апликацијата Кико може да ја користат и лицата со тешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние кои информациите најдобро ги разбираат во аудиоформат. Апликацијата Кико ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и десктоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик.

за Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,399FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ