-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023
spot_img

Катерина Димова: Родителскиот сојуз треба да е тим и да биде силен, за да обезбеди здрав раст и развој на своето дете

Семејството е примарниот објект односно систем каде детето расте и се идентификува. Училиштето е вториот систем. Многу е битна комуникацијата помеѓу родителите и наставниците, битна е едукацијата односно сите оние запишување на првачиња, не треба да бидат само формално влегување во образование. Во нашиот центар праксата ни докажува дека со самото родителското советување, односно кога имаме два исти воспитни стила, а тоа е оној авторитативен односно демократски стил на воспитување, на крајот секогаш имаме една здрава и зрела личност, вели во интревју за Приказна, Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен-системски советник во Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, Неокортекс.

Што претставува авторитетот? Како тој се стекнува?

Катерина Димова Авторитет претставува збогатување, односно за да имаме еден авторитет без разлика дали станува од страна на родител или надворешно лице, наставник, потребно е да се има доверба и вистина, за тој авторитет да се спроведе.

Честопати кај нас авторитетот се споредува со строгост. Каде тука грешиме?

Катерина Димова Да, постои разлика помеѓу авторитативност и авторитарен, односно диктаторски стил на воспитување на децата. Како специјален едукатор и семеен системски советник, постојано во пракса ја гледам таа разлика и таа поистоветеност помеѓу родителите и начинот на воспитување на децата. Во моментот е презастапен оној презаштитнички стил на воспитување.

Авторитарен односно диктаторски стил на воспитување е кога родителите негуваат јас ги поставувам правилата, а ти политуваш, додека авториративен значи имаме правила, моќта е кај родителот, но сепак ја имаа онаа топла атмосфера, детето се чувствува безбедно, сигурно, родителите ги валидаризираат емоциите на детето и имаат разбирање зошто и од каде доаѓа некое неприфатливо однесување.

Авторитетот не се наметнува по секоја волја и по секоја цена, оној кој што слуша, не треба да слуша од страв.

интервју за Приказна, Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен-системски советник во Центар за пихотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, Неокортекс

Колку штета може да нанесе погрешниот авторитет во обликувањето на детето како личност?

Катерина Димова Секој стил на воспитување креира една друга личност. Ние, возрасните сме тие кои сме одговорни за какви генерации ќе произлегуваат и како генерациите ќе го почитуваат авторитетот во своите сопствени секундарни семејства, но и надвор во општеството.

Авторитарен односно диктаторски стил на воспитување создава возрасно лице кое е несигурно во себе, имаме агресивно однесување, појава на алкохолизам, користење на некои наркотични средства, и тоа дете односно возрасна личност не е сигурна во себе.

Дали тоа може да се исправи со помош не некои терапии и со стручна помош, да се исправи штетата што е постигната од лошиот авторитарен начин на воспитување?

Катерина Димова Секако. Сите ние носиме некакви обрасци на воспитување и некакви трансгенерациски обрасци во нашата индивидуалност. Се’ она коешто можеби е дисфункционално со работа на себе, со помош на стручни лица, со имање на увид што е тоа што мене ми смета и не ми одговара во начинот на живот, може да се промени.

Колку позитивното родителство може да вроди со плод кај децата?

Катерина Димова Позитивното родителство претставува присуство на овде и сега на двајцаа родители. Негување на емоционалниот дел, односно валидизација на секоја емоција на детето, воедно и поставување на правила и водење на еден ред и рутина во однос на хигиена на сон, исполнување на домашни задачи кои се дадени од страна на училиптето, дополнителни активности коишто детето ги следи во своето секојдневие и сето тоа произлегува со договор.

Како да ги соединиме авторитетот на наставникот и на родителот, кога се разликуваат?

Катерина Димова Семејството е примарниот објект односно систем каде детето расте и се идентификува. Училиштето е вториот систем. Многу е битна комуникацијата помеѓу родителите и наставниците, битна е едукацијата односно сите оние запишување на првачиња, не треба да бидат само формално влегување во образование.

Во нашиот центар праксата ни докажува дека со самото родителското советување, односно кога имаме два исти воспитни стила, а тоа е оној авторитативен односно демократски стил на воспитување, на крајот секогаш имаме една здрава и зрела личност.

Документарен магазин Приказна

Дали имаме други видови на авторитет во поглед на росителските стилови на воспитување?

Катерина Димова Да, освен авторитарен и авторитативен имаме презаштитнички стил. Тоа е кога родителите постојано го мониторираат животот на децата, па дури и оној дел кога они покажуваат независност и можат да си ги извршуваат задачите и обврските сами. Тоа создава чувство на фрустрација кај детето.

Какво огледало ние оставаме кај детето? Дека е неспособно, несигурно во себе, низок степен на фрустрација. Овие деца често имаат низок праг на толеранција на фрустрација. Честопати не веруваат во себе и во возрасниот период, како возрасни личности и за секоја одлука ги прашуваат своите родители и не се спремни да понесат одговорност за истата таа.

Може ли наставниците да го приметат тоа и колку доколку го забележат би можело да се смени во поглед на влијание врз детето?

Катерина Димова Секако. Уште во прво одделение наставниците веќе ги детектираат оние моменти на непочитување на авторитет во училница, па апелираат до родителите да побараат стручно мислење и стручна помош.

Работејќи по семејна системна психотерапија, постојат многубројни причини како доаѓа до рушење на авторитетот. Го гледаме семејниот контекст, односно кохезијата во семејството, дали можеби има некои непријатни настани, дали можеби родителите не негуваат функционален партнерски однос, односно имаме една дисфункционалност на партнерско ниво, па се случува едниот родител да коалицира со детето, другиот родител е аутсајдер, па така се руши авторитетот и се поставуваат многу пониски правила. Детето секогаш гледа да се приближи кон оној родител кој е попопустлив.

Една од причините за нарушувањето на авторитетот се токму двата различни воспитни стила. Родителскиот сојуз треба да е тим и да биде силен, за да имаме здрав раст и развој.

Што се случува кога разведени родители имаат различен авторитет? Како тоа да се спречи за да има лошо влијание врз обликувањето на детето?

Катерина Димова Често во пракса е кога партнерите се разделуваат, а родителите остануваат, некако сè уште и родителите се разделуваат и негуваат различен воспитен стил. Најчесто тоа е презаштитнички, препопустлив, а од другата страна диктаторски односно авторитарен.

Потребно е најпрво да се среди партнерскиот однос дека ние се разделуваме како партнери, онаа лутина и причина за самиот развод е голем стрес, не само за партнерите туку и за децата. Треба да се побара стручна помош.

Постојат фази низ кој поминуваат не само партнерите, туку и децата. Негување на еден другарски однос и однос јас сум родител, ние сме заеднички родители до крајот на животот на ова дете, прави да се изедначат воспитните стилови.

Може ли родителот да биде другар?

Катерина Димова Родителот не може да биде другар. Тој е водилка и лидер. Можеби да е другар со емоционалната достапност и топлина, но другар, не може да биде.

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,896FansLike
1,528FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ