14.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Ирена Гуржовска: Со моите букети, сакам да ги направам луѓето среќни

Водена од идејата за нешто уникатно и силната желба да го обои своето, но и секојдневието на своите сограѓани, Ирена Гуржовска започнува да прави букети. Тоа не се обични букети од цвеќе, тоа се букети кои се јадат. Ги нарекува буќет среќа.

Можно е да е слика од јаготка и цвет
Приватна архива

Букет среќаможам да кажам дека се роди со моето второ дете, поради тоа што целата приказна тргна кога мојата ќерка имаше само 3 недели. Меѓутоа инспирацијата сепак е потегната од мојот постар син, поради тоа што мојот прв букет кој го направив и замислив беше за неговата прва приредба од градинка.

Првиот пат отидов и нарачав од цвеќара, меѓутоа не излезе тоа така како што си го имав јас замислено во главата. По приредбата, и по тој неуспешен букет којшто го направија други, почнав да истражувам и пребарувам на интернет, дали има нешто воопшто такво.

Првиот букет беше од чоколади, меѓутоа, сакав некако да го натерам детето да јаде повеќе здрава храна, повеќе витамини, повеќе овошје, па почнав да пребарувам овошни букети на интернет, вели за Приказна Ирена Гуржовска.

Нема опис за фотографијата.
Приватна архива

Се запишува на онлајн курс по фудфлористика и станува првиот фудфлорист на Балканот. На инсистирање на една нејзина пријателка, отвара Фејсбук страна и веста за букетите што се јадат, за кратко време се шири низ Скопје, а потоа и низ целата држава.

Можно е да е слика од 1 лице, роза и прериски цвет
приватна архива

Јас често велам дека не само „Букет среќа“ туку и моја лична мисија е да ги правам луѓето среќни, вели Ирена. Едно од нештата коешто сакам да го направам преку букетите е да го обојам сивилото на градот и да направиме што е можно повеќе луѓе среќни со и без причина. За мене среќата е секако во секојдневните мали моменти, во насмевката на клиентите, во изненадениот поглед кога некој ќе добие букет кој не го очекува, среќата е секако моето семејство и моите блиски, додава Гуржовска.

Можно е да е слика од овошје и цвет
приватна архива

За фудфлористиката во нашата земја, но и во Европа се знае многу малку. Најмногу фудфлористи има во Русија и низ земјите од поранешниот Советски Сојуз, додека во Европа се само неколку, вклучувајќи ја и Гуржовска.

Уште кога почнав да ги изработувам, односно уште во време на курсот кој го посетував, сите букети кои ги правев им ги подарував на моите блиски. Реакциите до ден денес се исти. Луѓето се изненадени вчудовидени и првиот впечаток е секогаш: Букетот не е од цвеќе? Букетот се јаде? Мене ми е чест и задоволство да бидам прв фудфлорист којшто тоа го направи тука, и сметам дека е многу убава и одговорна работа. Да ја наоѓаме среќата во секојдневните моменти, во рутината, вели Ирена.

Документарен магазин Приказна на тема среќа

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ