22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Интернет зависност: родители, најдете време за да ги спасите децата!

Родителите се одговорни за секоја фаза од развојот на детето, па би рекла за да едно дете влезе во зависност, пропустот може да го бараме во корените на родителството. Кога е некое дете запоставено и не се води сметка како го минува денот или доколку родителот сам промовира често седење пред компјутер, тогаш и детето ќе влезе во таа зависност. За да му помогнеме потребно е да се придружиме и заедно со него да излегуваме и да го структурирате времето, вели за „Приказна“, Деспина Стојановска – психолог, системски семеен психотерапевт.

Емисијата Приказна посветена на интернет зависност

Приказна: Како да препознаеме кога детето е зависно од интернет?

Стојановска: Родителите кои имаат воспоставено добар контакт многу лесно ќе ја забележат таа граница во влегување во зависност. Децата стануваат недостапни. Стануваат лесно вознемирени, избувнуваат лесно. Она што кај нив се појавува како симптом е опаѓање на концентрација, опаѓање на фокус, едноставно како да детето почнува да се менува и ќе кажеме „ова не е моето дете“.

Неговото мозоче почнува да работи на малку поинаков начин, зборувам за оние дечиња што се во претшколска или во школска возраст, додека кај адолесцентите зависноста може да има и поразлични симптоми, а тоа е да стануваат поагресивни, конфузни во разговорите, долго време да поминуваат пред малите екрани. Ајде да кажеме дека некоја добра временска рамка, би била добар показател за тоа дали децата се веќе зависни или сè уште се одржуваат во некоја контрола.

Приказна: Како да му помогнете на детето, кога ќе се посомневате дека е зависник од интернет?

Стојановска: Децата стануваат недостапни, а тоа го отежнува процесот како можеме ние да им помогнеме. Меѓутоа, секако како родители коишто се загрижени, потребно е да посветат повеќе внимание и клучно е да одвојат повеќе од своето време за детето, да прават активности, да му помогнат на детето да се врати на себе, да се врати во социјализација, комуникација, во еден здрав начин на живеење.

Родителите се одговорни за секоја фаза од развојот на детето, па би рекла за да едно дете влезе во зависност, пропустот може да го бараме во корените на родителството. Кога е некое дете запоставено и не се води сметка како го минува денот или доколку родителот сам промовира често седење пред компјутер, тогаш и детето ќе влезе во таа зависност.

За да му помогнеме потребно е да се придружиме и заедно со него да излегуваме и да го структурирате времето. Ако се многу недостапни децата, тогаш родителот е добро да се запознае со содржините кои детето ги гледа на интернет, со игрите што ги игра, за да може на тој начин да му го привлече вниманието и повторно да го обнови контактот со него и да се оствари една здрава комуникација.

Приказна: Дали може да помогне самоконтролата?

Стојановска: Самоконтролата е тешко да се постигне. Зборот зависност кажува дека имаме проблем со контролата. Кога вие не би имале проблем, тогаш не би зборувале за зависност.

Зошто е тешко да се контролира? Затоа што преку видеоигрите, децата доживуваат висок степен на возбуда, тој степен не може да го постигнат во реалниот свет, а кога малите мозочиња ќе се научат на таков интензитет на возбуда, тие ќе ја бараат и во другите сфери од животот и не можејќи да ја најдат, тие се навраќаат на нови нивоа на видеоиграта.

Контрола може да воспостават родителите, ако детето е мало, а за поголемите деца контролата се воспоставува со едукација, информирање за тоа како се развиваат, ако поголем дел од времето го поминуваат пред малите екрани.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ