16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

ИНТЕРВЈУ Херцег: Винската сцена ќе го нагласи квалитетот на доброто вино

Македонија како вински регион, во споредба со светот е мала земја. Тоа може да биде и позитивно, но и да преставува “хендикеп“ во смисла кога треба да се освојуваат големи пазари. Позитивно е затоа што во тој мал регион можеме да дефинираме еден уникатен стил на наше македонско вино, вели во интервју за „Приказна“, Звонко Херцег – вински експерт, дел од тимот на винарија „Тиквеш“.

фото: од ФБ профил на „Тиквеш“

Приказна: Која е разликата помеѓу енолог и сомелиер?

Херцег: Овие професии често и се преплетуваат. Генерално енолог е човек кој ги прави вината, високо образован, со факултет за енологија, каде фокусот е како да се произведе вино. Јас често знам да кажам дека енолозите секогаш се по некоја потрага по совршенство.

Кога станува збор за сомелиер, тоа е некој мост помеѓу вино производителите и крајни конзументи, кои имаат познавање околу самите вина и околу процесите на производство , но не толку длабоко. Доволно имаат познавање да можат да ги покажат линковите помеѓу поднебјето и она кое што го имаме во чашата како ескпресија на тоа поднебје и винска сорта.

Некогаш најчесто кажуваат дека енолозите ги бараат негативните нешта кај виното за да можат да дојдат до перфекција, додека сомелиерите го бараат она што е позитивно, за да го прикажат најдоброто од виното.

Приказна: Има ли Македонија има вински потенцијал?

Херцег: Македонија како вински регион, во споредба со светот е мала земја. Тоа може да биде и позитивно, но и да преставува “хендикеп“ во смисла кога треба да се освојуваат големи пазари. Позитивно е затоа што во тој мал регион можеме да дефинираме еден уникатен стил на наше македонско вино.

Што се однесува до потенцијалот на едукацијата, тука кај нас веќе има неколку школи за основна едукација, што е вино, како се произведува, кои се типови, стилови на вина, а тоа е многу важно во однос на развивање на винскиот регион, бидејќи винската индустрија без сомелиерството неможе да го развие ниту винскиот регион, значи мораме да имаме силна винска сцена, која ќе се слуша далеку и на другите пазари во светот.

Приказна: Колку луѓето во Македонија се вински ентузијасти?

Херцег: Во последно време се зголемува бројот на вински ентузијасти. Тие вински ентузијасти постоеле тука кај нас, но ние сега ги лоцираме кои се и каде се, бидејќи порано немаа свое место каде би можеле нешто да чујат, да дегустираат, да добијат нови информации околу вината. Кога веќе тоа го имаме како понуда, тие сами се појавуваат, нивниот интерес ги води и веќе имаме солиден број на вински ентузијасти, а се појавуваат и многу нови.

Приказна: На кој начин луѓето се едуцираат за вината?

Херцег: Конкретно јас сум инволвиран во две групи, односно два начина на винска едукација. Едниот е преку школата на винаријата „Тиквеш“ која се вика „Вински едукатор“ и работи по програм на WSET. Тој програм е светски препознатлив секаде. Самата школа е основана 1969 година.

Во светот вкупно има 900 школи кои работат по ист програм. Таму се фокус светските вински региони и се дегустираат вина од тие региони. Тоа се повеќе професии, не е тесно врзано со сомелиерството. Низ програмата, факт е дека ќе се стекнете со сомелиерско знаење и ќе можете да работите како сомелиер, но дефинитивно ќе може да се работи и нешто друго, како во вински маркетинг, новинарство и слично.

Другиот начин на обука е преку МАСОМ( Македонска асоцијација на сомелиери) и таму имаме обуки кои што се веќе фокусирани повеќе во сомелиерскиот дел, тука спаѓа вински сервис, послужување, одржување на вина.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ