16.8 C
Skopje
Sunday, May 29, 2022
spot_img

ИНТЕРВЈУ Стаменковска: вакцинирано дете е здраво дете, здрав заб на дете, значи здрави залеани заби на дете

Податоците од 2007 година беа алармантни. Направена беше евалуација, со којашто се покажа дека КЕП индексот (Кариес, Екстракција, Пломба) е 6,88%, процент којшто е навистина висок и тогаш се создаде Националната стратегија во којашто учествуваа стручни професори и специјалисти по детска и превентивна стоматологија. Значи културата датира од пред 18 години, а тоа значи дека се работи. Важно е да се спомене дека направена е контролна евалуација со којашто се увиде во 2016 година дека КЕП-от е намален на 2% и треба да се одржи на тоа ниво, вели во интервју за „Приказна“, д-р Катерина Стаменковска, специјалист по превентивна стоматолошка здравствена заштита.

Приказна: Имаме ли национална стратегија за орално здравје?

Стаменковска: Национална стратегија постои за превенција на орални заболувања кај деца од 0 до 14 годишна возраст. Таа е имплементирана со одлука на Владата во 2008 година, а ревидирана во 2018 година за наредниот период од 10 години.

Националната стратегија ја спроведуваат превентивните стоматолошки тимови при јавните здравствени установи низ целата наша држава. Целта на стратегијата е изведување на активности коишто вклучуваат стоматолошка едукација, воспитување и најважно, залевање на фисурниот систем на сите трајни молари според редоследот на нивната ерупција, како и по потреба на млечните заби.

Многу важно е да се појасне моментот на залевање на фисурите на трајните заби кај децата. Тука може да се направи паралела со различните вакцинации кај децата и населението кои се извршуваат постојано и во континуитет низ години. Значи можеме да направиме споредба, вакцинирано дете е здраво дете, здрав заб на дете, значи здрави залеани заби на дете.

Приказна: Што велат податоците? Имаме ли култура за орално здравје?

Стаменковска: Податоците од 2007 година беа алармантни. Направена беше евалуација, со којашто се покажа дека КЕП индексот (Кариес, Екстракција, Пломба) е 6,88%, процент којшто е навистина висок и тогаш се создаде Националната стратегија во којашто учествуваа стручни професори и специјалисти по детска и превентивна стоматологија. Значи културата датира од пред 18 години, а тоа значи дека се работи. Важно е да се спомене дека направена е контролна евалуација со којашто се увиде во 2016 година дека КЕП-от е намален на 2% и треба да се одржи на тоа ниво.

Приказна: Се грижиме ли за оралното здравје?

Стаменковска: Здравствениот систем преку Националната стратегија овозможува да се грижиме за оралното здравје на сите деца, но тука мораме да напомниме дека и индивидуалната грижа е доста важна, бидејќи секој треба поединечно да се грижи за оралната хигиена и постојани посети на превентивните стоматолози.

Приказна: Дали пандемијата донесе промени во работата на стоматолозите, кои ќе останат и после нејзиниот крај?

Стаменковска: Мојот заклучок е дека пандемијата ќе промени многу работи. Една од работите кои ги донесе пандемијата е подобра лична заштита на секој стоматолог, додека е на своето работно место како користењето на добри заштитни средства, визири, маски, протокол за работа и слично. Сите овие работи треба да останат и после Ковид 19, бидејќи се позитивна промена.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,398FansLike
1,404FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ