14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

ИНТЕРВЈУ Маја Станковска Костова: пазарот на осигурување има силен потенцијал за развој

Степенот на развиеност на осигурување во нашава земја е на релативно ниско ниво, па тоа не става во уште едно поповолна ситуација за развој, воведување на иновации и преземање на искуства од нашите матични компании, вели во интервју за „Приказна“, Маја Станковска Костова – генерален директор на Кроација осигурување – Живот АД.

Приказна: На пазарот на осигурување на живот работите во конкурекција со силни европски брендови. Дали нивното присуство на пазарот влијае врз трендовите на осигурување во нашата земја?

Станковска Костова: Здравата конкуренција секогаш е добра за развој на пазарот. Секој бренд си носи свои вредности. Конкуренцијата значи креирање на поквалитетни и подобри услуги за нашите корисници и во таа насока се создава едно позитивно искуство во доменот на осигурување на нашиот пазар.

Степенот на развиеност на осигурување во нашава земја е на релативно ниско ниво, па тоа не става во уште едно поповолна ситуација за развој, воведување на иновации и преземање на искуства од нашите матични компании.

Зад „Кроациа осигурување“ стои еден моќен бренд од Хрватска којшто постои на пазарот 130 години, така да имаме големо искуство кое може да го примениме тука. Искуството коешто се пренесува не прави помудри во носење на одлуките, поблиски до клиентите преку доверба и квалитет на услугите.

Граѓаните видоа сигурност и стабилност и преку секојдневната доверба што ни ја даваат, „Кроација осигурување – Живот“, како прва компанија за животно осигурување во земјава е лидер на пазарот за животно осигурување со 34% пазарно учество.

Приказна: Кои се најзначајните промени кои од аспект на дигитализацијата, се случуваат во осигурителната индустрија и каде го гледате во таа насока позиционирањето на „Кроација осигурување – Живот“?

Станковска Костова: Последниве години сме сведоци на се поголем замав на дигитализацијата во секој сегмент од општеството. Самата здравствена криза само го забрза тој процес и го направи да биде незамислив дел од нашето секојдневно функционирање. Сметам дека во сите индустрии дигитализација е присутна, па така и ние како индустрија треба да применуваме нови технологии.

Ние како групација сметаме дека имаме една состојба која ни оди во прилог, односно нашата матична куќа минатата година воведе за прв пат на хрватскиот пазар 100% дигитално осигурување, т.н. „ЛАКО“. Ова како искуство во групацијата, може да ни користи за понатамошниот развој на нашата компанија тука во Македонија.

Сметаме дека е наша одговорност на клиентите да им понудиме повеќе опции за комуникација со нас. Од тој аспект, дигитализацијата веќе не е новитет, туку и потреба, за да можеме да одговориме на сите барања и потреби на клиентите со кои се соочуваме секојдневно. Во таа насока, како компанија сме посветени во воведување на иновации, согласно нашата политика, со цел да обезбедиме повисоко ниво на корисничко искуство.

Приказна: Колку осигурителните компании се значајни за развојот на финансискиот пазар во земјата и дали во таа насока имаат влијание врз економските текови?

Станковска Костова:Основната функција на осигурувањето е да направи финансиска заштита во случај на настанување на одредени загуби или несакани ситуации. Секако, тоа не е единствена функција која осигурувањето ја има во економијата. Придонесува во економијата преку вработувањето, плаќање на даноци, донации.

Осигурувањето е тесно поврзано со социјалната политика, односно преку тие исплати коишто ги вршиме при настанување на загуби кај нашите клиенти, им помагаме финансиски, придонесуваме во општеството и влијаеме на закрепнување и развојот на целото стопанство во земјата.

Голема предност и придонес на оваа индустрија е што овозможуваме преку релативно ниски уплати на средства, нашите клиенти да се заштитат финансиски.

Документарен магазин Приказна посветен на осигурувањето

За Приказна,

Вики Чадиковска

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ