25.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024
spot_img

Инспиративниот Озбек Ајваз: Со скулптурата Тешкото сакав да оставам белег за Македонија

Дваесетитригодишниот Озбек Ајваз е на магистерски студии на Факултетот за ликовна уметност. Toj ја имаше својата прва самостојна изложба пред зградата на Филхармонијата. Изработи дело од железо со кое на публиката го претстави „Тешкото“ оро, составено од скулптури на осуммина танчари во природна големина.

Тешкото ми беше дипломски труд на факултет. Кога му го покажав на менторот беше воодушевен. Нашата работа е самостојна, бидејќи студирав вајарство на ФЛУ. Почетокот кога го започнав делото беше и за мене предизвик, но знаејќи дека сум млад и имам сила се нафатив на тоа, ни раскажа Озбек.

Делото е изработено од железо, челик. Тешко е скоро 2 тона. Со него е претставено тешкото оро. Првата самостојна изложба пред македонската филхармонија, се случи изненадено, не го очекував тој момент. Задоволен сум од тоа што се случи, раскажува Озбек за Приказна. Пред да го прикажам делото на јавноста, сите беа воодушевени.

Делото Тешкото

Делото го работев 3 месеци. Од сабајле до вечер. Инспирацијата ми беше од тешкото оро. За него дознав од медиумите, гледајќи ја Галичката свадба и ми изгледаше интересно. Го гледав орото и на Јутјуб, го скицирав на лист и по неколку месеци почнав со негова реализација. Како граѓанин на Македонија сакав да оставам некој белег од македонското, споделува младиот уметник.

Документарен магазин Приказна

Делото има осум метални скулптури. Осумка, како симбол на бесконечност, осум бидејќи македонското срце чука во седумосмински такт, а орото како инспирација да пренесе порака да ги сакаме и почитуваме овдешните традиционални вредности. Она што е особено важно е дека делото е изработено од рециклирани материјали, а со ова младиот уметник пренесува уште една силна и важна порака за заштита на природата.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,624FansLike
3,303FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ