4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Инспиративната приказна на Маја и Душица: Во пандемијата се роди нашиот бизнис концепт

Маја и Душица се две девојки кои се обединуваат во своите визии и создаваат една убава приказна. Тие потекнуваат од исто место, од Охрид, а по извесно време ја обновуваат својата пријателска врска од детството крунисувајќи ја со интересна и иновативна бизнис концепција.

Идејата се роди сосема спонтано. За време на пандемијата како и сите други, така и ние имавме вишок слободно време. Честопати со пријателите знаевме да седнеме на маса и да зготвиме нешто вкусно, меѓутоа секогаш внимававме таа да биде убаво декорирано со свежо цвеќе од нашиот двор или пак со купено од пазар. Најважно од се ни беше да го уживаме моментот во убава храна, добра музика и свеќи. Исто така, честопати знаевме да сликнеме некое од тие јадења и да ги објавиме на нашиот профил раскажува Маја Чубриќ.

Често знаевме да ги сликнеме јадењата и да ги објавиме, вели Душица Мато. Под самата слика Маја знаеше да напише „Денес на Tavola Bianca“. Tavola Bianca значи бела маса, на италијански јазик.

Увертирата во оваа инспиративна бизнис приказна биле тури за пешачење во кои на туристите им нудат можност да уживаат во недопрената природа на Галичица, погледот кон Охрид и Охридското Езеро. Во нивната понуда вклучуваат три тури, од 9, 12 и 18 километри.

Како љубители на планината, ние многу често слободните моменти ги користевме за пешачење и за искачување на врвовите на нашите планини. Меѓутоа, најчесто пешачевме во националниот парк Галичица. Во моментот кога двете ја бараме работата од соништата, започнуваме бизнис со рекреативни пешачки тури, раскажува Маја.

Одлучивме да носиме туристи на планина преку т.н. трекинг тури во националниот парк Галичица. Првата тура започнува од нас. Рача до с. Горно Коњско, втората тура го опфака с. Велестово, Шипокно и Горно Коњско и третата тура од Горно Коњско до Студино. Сите 3 тури завршуваат со ручек. Ова се пешачки тури кои не бараат физичка активност додава Душица.

Овие тури на Маја и Душица, овозможуваат вистинско уживање на туристите во убавините на Охрид. Погледот од пешачките тури кон Охрид е волшебен. Но, тоа не е единствената убавина во која можат да уживаат во Охрид, благодарение на овие инспиративни девојки.

Имаќи предвид дека одбравме лесни пешачки тури кои не се напорни, особено беа позитивни реакциите кај повозрасните странски туристи, кои знаеме дека негуваат здрави навики и активен живот. Нашите рекреативни тури како алтернативна форма на туризам, навистина привлекоа голем број на туристи. Со започнувањето на пандемијата, се намали и нивниот број. Тогаш одлучивме да ги оставиме турите во мирување, открива Маја.

Документарен магазин Приказна посветен на рурален туризам

Искуства од нивните животни приказни, тоа на Душица од Италија, а на Маја од Скопје, ги спојуваат, креирајќи една поинаква македонска приказна со интересни зачини на самиот зачеток на пандемијата. Во неа, Охрид е многу важен. Тие почнуваат да произведуваат мармалади, сушени овошја и охридски домати.

Најпрвин започнавме со производство на домашни, природни цитрусни мармалади, кандирана кора, како и слатко од цитрусите. Сушените домати се сезонски производ. Ние имаме моментално 2 вида на домати и тоа шери и охридски јабучар, вели Душица.

Оваа приказна не завршува тука. Душица и Маја подготвуваат нови продолженија со кои ние веруваме дека повторно ќе воодушевуваат. Во моментов својата понуда ја дополнуваат со нови вкусови, џем од јагоди и малини, за кои сме силно убедени дека ќе ја воодушеват јавноста. Ние уживаме во нивното гостопримство, а веруваме и вие ќе може да ја почувствувате убавата енергија која овие две креативни девојки ја споделија со нас, од врвот на Охрид.

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,818FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ