4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Илина Арсова: Планините се волшебна љубов која инспирира

Искачувањето на Монт Еверест е неповторливо искуство дури и повторно да одам таму, планината нема секогаш да биде иста, и тоа би било сосема ново искуство. Покрај тоа што беше исцрпно и многу заморно, сепак го паметам како убаво искуство, раскажува единствената Македонка која се искачила на Монт Еверест. Петмина планинари од Македонија успеале да се искачат на највисокиот врв на планетата земја, а Илина е единствена жена меѓу нив.

Илина Арсова во Приказна

На првиот обид се вратив на Денали без да го искачам врвот, но тоа не е единствената планина од којашто сум се вратила. Се имам вратено и од Пелистер, од зимско искачување. Ми требаа 4 години за повторно да соберам храброст и самодоверба за да одлучам дека сум во добра форма за повторно да отидам на Денали, споделува Илина.

Искачувањето на 7-те врвови беше една долготрајна животна мисија. Искрено, зема повеќе време отколку што очекував. Бев свесна дека ќе имам предизвици од различна природа и тоа не само при искачување на самите врвови, туку се она што треба да се организира за воопшто човек да тргне од Македонија. Како главни тука се финансиските предизвици кои за среќа веќе при крајот на мисијата наидоа на разбирање од нашите институции и бев поддржана во тоа. Сепак, кога човек го пробива мразот и кога за прв пат прави нешто ја испишува историјата навистина не е лесно. Во тој период, 9 години, се’ некако се вртеше околу тоа кој ќе биде следниот врв, што треба да подготвам за да одам таму. Сите други планови во животот ми се ориентира околу мисијата за искачување на 7-те врвови.

Во денешно време имаме луѓе кои таа мисија ја прават и во многу пократко време. Мојата порака е порано или подоцна, достигнувањето на сонот може да земе подолго време од планираното, но не се откажувајте, препорачува Илина.

Првото запознавање со планините не било воодушевувачко.

Моите родители ми раскажуваат дека кога сме биле мали, тие не носеле на Шапка. Ме оставале на скии кога сум имала само 3 години и сум научила да скијам. Сум плачела цело време, им го расипував викендот. Можеби тоа ми помогнало да бидам она што сум денес. Сепак, постепено се вљубував во планините, раскажува Илина.

Документарен магазин Приказна

Некаде околу тинејџерските денови бев дел од извидничко поречански одред Галеб, имавме многу смотри и акции, освоивме и многу награди. Тогаш почнав да се вљубувам во природата и развивав некој интуитивен осет за ориентација.

2006 година се истакнува во мојата кариера кога со моите пријатели од Црвениот Крст се искачивме на Монт Блан. Тоа мое искачување, тие години околу 2006, беа голем пресврт за мене бидејќи јас како ликовен уметник многу се поврзав и вљубив во пејзажот, што знаев веќе дека тоа е мојата комфор зона. За мене тоа беше почеток на многу нови авантури. Магијата и поривот би ги поврзала со онаа естетска нишка. Посакувам да сум горе на планините, посакувам да сум на врвот, вели Илина.

Овој период не планинарам толку. Моите мисии и цели ги поставив да го поместам сопственото ниво во спортско качување, на карпа. Јас постојано качувам, сум на карпата и тука има голема убавина, но ги нема оние стрмни врвови, снежни врвови кои не опколуваат кога се искачуваме на голема планина. Веќе приметувам дека ова ми фали. Ова што сега го правам со качувањето по карпи, е сосема друг спорт. Спортското качување е веќе олимписка дисциплина. Станува збор за еден сосема поинаков спорт. Тоа го задоволува мојот адреналин и порив за поместување на сопствените граници, зајакнување на телото. Долгите престои во планина ја хранат мојата ликовна инспирација. Кога ќе се вратам дома и додека сум на самата експедиција постојано сликам и цртам, правам визуелни записи, а кога ќе се вратам дома, и кога ќе имам услови за тоа, сите планини преминуваат на платното, ја заокружува својата инспиративна приказна македонката која ги совладува сите планински врвови.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,818FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ