9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Изложбата „И јас сум тука“ за да нема предрасуди

Децата не се раѓаат со предрасуди, тоа е клучно во односот кон луѓето со посебни потреби. Еднаквоста и еднаквите можности за сите се клучни вредности и приоритети за мојата земја, Шведска. Во нашата работа тука во Северна Македонија, оваа перспектива на демократски права, човечки права, работнички, права на децата и што уште не. Денеска ние во амбасдата сме среќни што го поддржуваме проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на театарот „Глада Худик“, поддржан од Шведскиот институт – рече Кристин Форсгрен Бенгсон, амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја, синоќа на отворањето на „И јас сум тука“ – изложба на 20 фотопортрети на лица со интелектуална попреченост, во Кинотека во Скопје.

Кристин Форсгрен Бенгсон, амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја

Таа истакна дека е многу важно да се работи во училиштата и преку вакви настани да се бориме против предрасудите.

-Сакаме да ги охрабриме сите да станат и да застанат зад нивните права. Од фотографиите забележав, заедничко за сите се насмевките, тоа ме стоплува. Се надевам дека филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њуорк“ нема да ве остави рамнодушни и ќе ги запамтите зборовите на една од актерките: „Ние сме единствени и имaмe право да блеснеме“ – рече амабасадорката.

Автор на фотографиите е Тоше Огњанов, а на приказните – Сребра Ѓорѓијевска. Дел од учесниците во изложбата беа гости на отворање, а публиката со одушевување ја поздрави иницијативата за изложбата.

Автор на приказните – Сребра Ѓорѓијевска.

Авторот на фотографиите, Тоше Огњанов посочи дека долго време работи на раскажување приказни преку фотографија. -На почетокот имав трема, првото фотографирање со Христијан, не знаев како да му пристапам, што да направам. Како да постапам, пристапам, што ќе ни биде оваа фотосесија. Се сретнавме, тој самиот почна да позира, да ги покажува медалите. Веднаш се поврзавме, па со Ива, па Александар, па Никола… Секое фотографирање беше посебно искуство, посебна приказна. Го опишуваме како патување, поминавме низ цела земја, но постои и ендо фигуративно патување, до нов како личности. Тоа што како фотограф успеав да го увидам дека сите тие сакаат внимание. Ретко кога имам забележано поискрена насмевка – рече Огњанов.

Автор на фотографиите, Тоше Огњанов

Вечерва во 19 часот во Кинотеката ќе биде книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост – „И јас сум тука“. Исто така ќе следува и промоција на македонскиот превод на книгата со цитати од актерите на „Глада Худик“ – „Никогаш не престанувајте да се гушкате“. Делата ќе ги промовира Александра Јуруковска, ќе зборуваат авторите, а гостинка на промоцијата е и Ануки Стуруа, проект менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

По промоцијата ќе следува проекција на филмот „Модна ревија: Глада Худик до Њујорк“ на режисерот Јохан Ског, во кој играат актерите од театарот „Глада Худик“.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ