14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Златко Андоновски, ФФМ: Фудбалерите се тестираат често за да се утврди допинг

Со Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ разговаравме за антидопинг активностите кои се преземаат во ФФМ.

Приказна Колку често се тестираат фудбалерите на допинг?

Златко Ако ги прашате луѓето коишто се задолжени за таа материја, ќе ви кажат кога сакаме. Пред почетокот на пандемијата со ковид 19, многу често. Речиси секоја седмица или секое коло од македонската фудбалска лига. Сега малку потешко, од причина што телото коешто раководи во тој дел, сега е националната антидопинг комисија којашто е во рамки на Агенцијата за спорт и млади. Меѓутоа да, се прават тестови и се утврдува подготвеноста на фудбалерите и во однос на тоа прашање.

Приказна Дали се врши едукација на тренерите за допинг?

Златко Апсолутно да. Во рамките на ФФМ пред почеток на секоја натпреварувачка сезона, најмалку еднаш. Во координација со одговорните луѓе од Комисијата за антидопинг којашто е во рамки на Федерацијата, може и почесто. Дури тоа е влезено во системот на лиценцирање, тоа значи дека тренерите кои се обидуваат да добијат поголема едукација во однос на нивната струка, мора да ги добијат и насоките во однос на средствата кои смеат да се користат или се на списокот на забранети супстанции.

Документарен магазин Приказна на тема стероиди

Приказна Кои се обврските на ФФМ преземени од аспект на Конвенцијата за антидопинг?

Златко Ако зборуваме за Конвенцијата којашто е усвоена во Собранието на РМ, апсолутно да обезбеди секакви услови кога е во прашање националната програма за антидопинг и се разбира да врши едукација не само на тренерите, туку и на фудбалерите и сите луѓе кои се вклучени во организацијата и на самите натпревари.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ