8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

„Жените во медиумите“ е тема на петтото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Петтото издание на Медиумскиот фестивал Скопје започнува вечер (5 октомври) во 20 часот, со дискусија посветена на годинешната фестивалска тема „Жените во медиумите“.

Истражувачката новинарка Сане Терлинген од Холандија и Елиса Муњос, раководителката на Меѓународната медиумска фондација на жените (IWMF) ќе разговараат за позицијата на жените во медиумската сфера и предизвиците со кои се соочуваат новинарките денес.

Богатата фестивалска програма ќе биде презентирана онлајн на Фејсбук страниците на ПИНА и МФС, а македонската публика ќе има можност да проследи и низа филмски остварувања кои преку фестивалската платформа на Cinesquare.net на CutAway и сајтот mfs.mk ќе бидат достапни за времетраењето на Медиумскиот фестивал Скопје, од 5 до 8 октомври 2021 година, како и неколку дена по завршувањето на фестивалот.

Годинешната програма вклучува бројни говорници од земјава и странство, а содржи и разни дискусии, работилници и интересна филмска програма.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ