15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Емотивната приказна на Дијана Накова, допре до добрите луѓе, кои го стоплија животот на нејзините внуци

Трогателната приказна на Дијана Накова од Свети Николе, со која се запознавме во емисијата „Срце на дланка“, на 28.11.2021 година, никого не го остави рамнодушен. Четириесет минутна болка и многу повеќе, чувствуваа сите што ја следеа нејзината трагична животна приказна. За жал, Дијана е осудена да живее со таа болка и празнина секој ден. Нејзината ќерка Викторија прерано умира, на само 21 година, оставајќи и ги децата на мајка си, таа наместо баба, да им стане мајка.

Дијана се омажила на 15 години и буквално ќе си го осакати животот, како што вели самата за таа нејзина детска одлука. Сопругот во Злетово ја тепа и малтретира. Додека Вики е сè уште мала, таа се враќа во домот на родителите, обидувајќи се на детето да не недостасува ништо. Кратко ќе трае нивната среќа. Историјата на мајка си ја повторува и Вики, мажејќи се на истата возраст како и нејзината мајка. За жал, нејзиниот живот е уште посуров. Додека оваа млада мајка била сè уште во блажена состојба, нејзиниот сопруг ја тепал и малтретирал, па, веднаш по породувањето се враќа кај мајка и. Од лошиот живот Вики на деветнаесет години ќе заболи од рак на гради, кој после една година ќе биде кобен по нејзиниот живот. Децата ќе останат сирачиња, за кои ќе се грижи нивната баба Дијана.

Веќе две години Дијана е сè во животот на малите Лео и Ада, и мајка и баба, и поддршка и светлина. Дијана со внуците живее во мала соба од поткровјето на куќата од нејзината сестра. Болката и празнината за Викторија, не се намалува, ниту во срцето на Дијана, а уште помалку кај нејзините внуци. Дијана очајно посакува, да го исполни аманетот од ќерка си, нејзините деца, како и сите останати да живеат во сопствен дом каде нема да им фали ништо.

Дијана со својата тажна животна приказна, веднаш ги омекна вашите срца. Храна, облека, подароци од добрите луѓе пристигнаа уште во моментот на емитување на нејзината приказна во „Срце на дланка“. Покрај тоа што со сите сили се бори за социјалниот стан за нејзините внучиња, таа чувствуваше обврска кон сите што и помогнаа и се сетија на неа, па посака да се заблагодари на сите кои ја покажаа својата хуманост и симпатии, па и им го разубавија животот на нејзините единствени Ада и Лео.

– Уште додека траеше емисијата во која јас си го отворив своето срце зашто повеќе не можев да издржам таков живот, народот ми докажа дека иако сум осамена, сепак не сум сама. Од сите агли и меридијани почна да пристигнува храна и гардероба. Нови работи, бела техника, лаптопи и таблети за моите внучиња, патики, чевли, пакетчиња (бидејќи тоа беше период пред Нова година) … пристигнуваа со камиони. Само што ќе пречекав и испратев едни луѓе, доаѓаа нови. Тоа беше најубавиот период за мене откога ја изгубив ќерката. Најубав и за Лео и Ада. Тие беа најсреќни. Среќна сум што народот ми испраќа и финансии за да можам да ги растам внуците. Зашто со социјалната помош едвај ги прехранував. Имав и долг од 50000 денари во градинката каде оди Аделина, но, општината ми го прости поради мојата тешка финансиска ситуација.

Денес, живееме помирно, децата се среќни, но, се надеваме дека многу наскоро ќе ве повикам и да се пофалиме со нов социјален стан за моите внуци, а, со тоа конечно да го исполнам и аманетот на мојата ќерка.

Јавно апелирам до сите кои имаат тешка животна приказна или каков било проблем во животот, да се пријават во емисијата „Срце на дланка“. Тоа е единствен начин да им се помогне.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ