14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Електронско насилство, како да се заштитиме?

Електронското насилство е вид на насилство кој сè повеќе ги засега учениците и наставниците, а постои недоволна информираност и умешност за справување со него.

„Она што е лошо во сајбер насилството, она што се случува во виртуелниот простор е дека многу често агресорот или тој кој навредува или повредува е анонимен или може да се претстави лажно. Тоа значи дека ние немаме претстава кој го прави тоа секогаш, ниту пак може од друга страна тој што сака да повреди да ги види реакциите, чувствата, изразот на лицето на тој што го навредува. Ова ја скратува можноста да се развие емпатичноста, разбирање, да види што прават неговите реакции кон врсникот.“-смета Јорданка Черепналковска Трајкова, кординатор во Меѓаши, првата детска амбасада.

Развојот на современите технологии, особено во комуникацијата, доведува до појава на насилство со користење на информатичките технологии и социјалните медиуми. Сајбер насилството подразбира праќање на навредливи СМС-и ММС-пораки, фото и видеоклипови, праќање на имејл, чет, блогови, посетување на веб-страници со несоодветни содржини, насилство преку користење на социјалните мрежи какви што се Фејсбук, Инстаграм, Вајбер, Скајп и други апликации. Сајбер-малтретирањето може да предизвика депресија, па дури и самоубиствени мисли кај децата.

Наједноставен пример за насилство врз деца преку интернет (или со паметен телефон) е кога некој ќе земе лична, компромитирачка слика од дете и преку мобилен телефон ја испраќа до сите. Заканувачките или понижувачките текстуални пораки од електронска пошта или мобилен телефон анонимно се испраќаат и се дистрибуираат до сите. Ова е форма на индиректен напад. Директен напад е кога се испраќаат вознемирувачки пораки на мобилен телефон, по имејл и четови, потоа вознемирувачки фотографии по пат на ММС-пораки на мобилен телефон или на социјалните мрежи, порнографски содржини или вируси по пат на електронската пошта или социјалните мрежи.

За жал не се само децата предмет на сајбер силеџиство. И возрасните можат да бидат предмет на електронско насилство. Онлајн наставата за жал, го исфрли ова како еден податок, за кој мора не само да се зборува, туку и да се најде соодветно решение.

„Ние гледаме, а не гледаме дека децата всушност ги изгубија училниците. Го изгубија просторот и децата и младите и оние на најмала возраст, просторот во кој се социјализираа. Ова се генерации кои живеат пред екран, таму ја имаат можноста да се социјализираат, да имаат меѓуврсничка поддршка,.“-смета Елизабета Петровиќ, семеен и системски психотерапевт

На глобално ниво, еден од пет наставници е жртва на кибербазитинг, форма на електронско насилство. Во оваа форма, учениците им се потсмеваат на нивните наставници. Потоа, тие ја доловуваат реакцијата на наставникот на видео и ја објавуваат за другите да гледаат. Освен тоа што се понижувани, некои наставници ги губат своите работни места поради видеа, бидејќи не можеа да го задржат смиреноста.

Позитивната употреба на технологијата, која создава безбедни и ефективни практики, е клучна во превенција од злоупотреба на технологијата. Училиштата треба да се осигурат дека наставните стратегии и цели ги поддржуваат иновативната и привлечна употреба на технологијата.

Би додала и уште нешто- вели Елизабета Петровиќ. „Има родители кои се претерано загрижени околу онлајн наставата, па влегуваат во улога на онлајн наставници, на соученици кои шепкаат, бројат грешки, „помагаат“ … Ова е погубно за детската самодоверба. Замислете под таков стрес, како може детето да биде мотивирано за работа, а исто и оние кои имаат самодоверба, немаат потреба од споредба, тие се споредуваат со себе, со својот успех вчера и денес, и си дозволуваат да грешат. Грешките се дел од животот.“

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ