16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Д-р Тања Миленковиќ: Нема план за исхрана, кој би функционирал за сите

Основното правило е ако сакате да задржите една добра телесна тежина, помалку и почеста исхрана. Многу често се соочуваме со фактот дека луѓето ќе ни кажат јас јадам еднаш во денот или два пати, меѓутоа тоа е многу погрешно. Кога се гладува подолго време, практично следниот оброк ќе биде многу поголем. Многу поисправно е да се јадат помали оброци, да не се дозволува да доминира она чувство на глад, кога веќе немаме перцепција колку јадеме. Според тоа, секогаш се препорачува да се делат оброците. Во последно време, многу популарен е трендот на наизменично постење, или 8 часа јадење, а 16 гладување. Но, и во овој случај, ако изедете 4000 кило калории во тие 8 часа, нема да слабеете. Умешност е да се расподели храната, вели во интервју за Приказна, д-р Тања Миленковиќ,специјалист по интерна медицина, ендокринолог.

Како се подготвува еден индицидуален план за исхрана?

Д-р Тања Миленковиќ Индивидуалниот план за исхрана се подготвува според индивидуалните преференци на секој поединец, кој ќе се одлучи да побара помош. Прво, започнуваме со тоа што тој вообичаено јаде, какви му се навиките, желбите, преференците во исхрана и после тоа, чекор по чекор, правиме мали корекции, односно му советуваме што од тоа е поволно, што е помалку поволно, каква количина треба да избере, кои видови на храна се преферираат или треба да бидат основен дел од исхраната. Тоа зависи од индивидуалните навики и апсолутно може да се прилагоди на секој човек. Нема план за исхрана, кој би функционирал за сите.


Како правилно се утврдува калористкиот внес за да се направи редукција на телесна маса?
Д-р Тања Миленковиќ Кога зборуваме колкав ќе ни биде калорискиот внес, тоа зависи од полот, возраста, од степенот на физичката активност. Жените нешто помалку, младите секако повеќе и колку сте поактивни физички, може да се дозволи поголем калориски внес. Главно, за една жена која има просечна физичка активност од 1600 до 1800 килокалории дневно би било оптимален внес, за маж од 2000 до 2400. Колку повеќе сме физички активни, тоа дозволува да се зголеми калорискиопт внес. За децата се смета поинаку, 1000 и 1100 килокалории, за секоја година до 18 година.

Дали квалитетот на режимот на исхрана се проценува според балансот на нутритиентите или се води сметка и за енергетската вредност?
Д-р Тања Миленковиќ Практично, двете се подеднакво важни. Многу е битно да се изберат квалитетни нутриенти, односно квалитетни групи храна. Има многу убави примери од коисе гледа која храна наштетува, која помалку, а која е многу корисна. Секако, мора да се води сметка за енергетскиот состав на храна и за количината односно големината на порцијата, бидејќи дури и здрава храна ако се внесува во поголеми количини, има калориска вредност. Колкава е нашата тежина, зависи од тоа колку калориска вредност внесуваме, а потоа колку трошиме од неа.


Постои ли правило како се подготвуваат диетите?
Д-р Тања Миленковиќ Постојат некои глобални правила според возраст,а физичката активност, полот. Меѓутоа, генерално во светот има многу познати диети. Некогаш се злоупотребува терминот терминот, кој не значи рестрикција на храна. Диета значи начин на исхрана. Во зависност од навиките на луѓето, од кој дел доаѓаат, од нивната култура, така се препорачува и диетата. Не како порано да се препорачуваат конкретни внесови на едно или друго, односно еден вид на исхрана, што укажува што да доминира во исхраната, а што да биде помалку застапено.

Документарен магазин Приказна


Како треба да изгледа едно дневно мени?

Д-р Тања Миленковиќ Основното правило е ако сакате да задржите една добра телесна тежина, помалку и почеста исхрана. Многу често се соочуваме со фактот дека луѓето ќе ни кажат јас јадам еднаш во денот или два пати, меѓутоа тоа е многу погрешно. Кога се гладува подолго време, практично следниот оброк ќе биде многу поголем. Многу поисправно е да се јадат помали оброци, да не се дозволува да доминира она чувство на глад, кога веќе немаме перцепција колку јадеме. Според тоа, секогаш се препорачува да се делат оброците. Во последно време, многу популарен е трендот на наизменично постење, или 8 часа јадење, а 16 гладување. Но, и во овој случај, ако изедете 4000 кило калории во тие 8 часа, нема да слабеете. Умешност е да се расподели храната.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ