33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Д-р Зорица Зафировиќ: прекумерното изложување на ултравиолетови зраци е штетно

Изложувањето на сонце, бара претпазливост. Заштитата од сонце не е неопходна само на плажа или покрај базен, туку во текот на секоја активност на отворено.

Според д-р Зорица Зафировиќ, современите научни информации ги потврдуваат штетните ефекти од прекумерната екпозиција на ултравиолетови зраци, а СЗО ја потврдила ултравиолетовата радијација како карциноген фактор за појавата на кожните карциноми.

Зголемувањето на популарноста на активностите на отворено и сончањето доведуваат до прекумерна изложеност на УВ зрачење. Многу луѓе сметаат дека сончање е пријатно социјално поминување на времето и, за жал, дури и гледаат на потемнетиот тен како симбол на привлечност и добро здравје. Сепак, потемнувањето е само знак на оштетување на кожата од УВ зраци и претставува обид на кожата да ја намали понатамошната штета.

Секоја индивидуа треба визуелно да ја набљудува сопствената кожа, на сите делови на телото со помош на големо и мало огледало во добро осветлена просторија. Предупредувачките знаци за рак на кожа се: секое менување на големината, бојата и формата на претходно постоечка промена на кожата, во ниво, над ниво или под ниво на кожата, односно ако промената е рапава, лушпеста на допир, личи на раничка која не зараснува, има бисерен изглед или крвави, додава Зафировиќ.

Меланомот е најсериозната форма на рак на кожата во однос на морталитетот. Меланомот може да се развие каде било на кожата. Најчеста локализација кај мажите е на трупот, а кај жените на нозете и трупот. Една од најважните причини за меланом е изложеноста на ултравиолетовите зраци на сонцето, особено изгорениците од сонце

Според д-р Зафировиќ, факт е дека секој човек може да добие карцином на кожа, но сепак зголемен ризик за појава на рак на кожа постои кај лица со семејна историја за меланоми и други карциноми на кожа, со лична историја за меланоми и други карциноми на кожа, со фототип на кожа кој се однесува на светол тип на кожа и коса, со изгореници во минатото, со професија или хоби на отворено подолг временски период, намерно експонирање на интензивно сонце во краток временски период за време на викенди или годишни одмори, лица кои често посетуваат солариум, лица над 50 години, лица со голем број бемки или дамки на кожата и лица со намален имунитет после трансплантација на органи или хемотерапија, додава Зафировиќ.

Документарен магазин Приказна на тема меланом

Целосна заштита од штетните УВ зраци на сонцето во вистинска смисла на зборот сè уште не постои. Двата главни вида на УВ зрачење на кои сме изложени, навлегуваат во кожата во различни длабочини и не се филтрираат целосно со лосионите за сончање кои во моментот се произведуваат. Кумулативниот ефект од овие нефилтрирани зраци сè уште може да доведе до рак на кожата и предвремено стареење на кожата. Затоа, примената на лосиони за сончање треба да се комбинира со заштитна облека. И да не заборавиме, лосионот за сончање не значи дека треба да се печеме под сончевите значи до недоглед.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ