30.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024
spot_img

Драган: Поддршката од семејството е клучна во справувањето со злоупотребата на дрога

Пробав на 14 години, бидејќи го сметам и алкохолот како дрога. Тоа беше во основно училиште каде што се дружев со друштвото, кога е кул да пиеш и да се дружиш. Во суштина, сфатив дека сум бил во лошо друштво. Кога започнав средно образование, се најдов во друго друштво, каде што дрогата е актуелна. Пробав марихуана на почетокот, па потоа амфетамин, екстази, кокаин и други дроги кои комплетно ми го нарушија мојот карактер. Тоа траеше од 14 до 20 години. Вака ја започнува својата лична приказна Драган, кој во периодот на пубертет почнал со злоупотреба на дрога.

Првите 3 години немав проблем, се’ беше „во контрола“. Потоа се појавија проблеми со другарите, во фамилијата дома, но ги потиснував со дрогата. Ќе се појавеше и друг проблем, јас повторно го потиснував. Свесен бев дека е проблем, но не признавав. За злоупотребата на дрога, отсекогаш сум знаел дека е проблем, но се сум сакал вистински да си признаам себеси.

Доаѓа клучниот момент на 20 години кога доаѓам во многу лоша состојба и целата моја околина е разочарана, што е многу очигледно, кога си во таков круг на работи. Се решавам да кажам дека имам вистински проблем. Сум слушнал за нарконом програмата и се одлучив таму да одам.

Секој млад човек сака да биде посебен и поразличен, но и кога сме многу млади не размислуваме секогаш со своја глава, па затоа животните приказни од луѓе кои ја искусиле темната страна од животот, секогаш треба да ни бидат пример и момент кој ќе нè натера да размислиме што си правиме на самите себеси.

Драган споделува дека и сам се изненадил од одлучноста да направи промена и да прекине. Искрено и јас се изненадив, вели тој и додава: Ова е вистинската одлука што ја имам донесено во мојот живот. Бев во многу лоша ментална состојба. Тоа траеше една година, седев и се запрашав дали е ова вистинскиот живот за мене, дали мене среќата ќе ми зависи од некоја супстанца, од нешто што е физичко. Одлучив дека мора ова да престане. И се јавив на мајка ми и и’ кажав дека не можам да го решам сам, овој проблем и дека сакам да ја посетам програмата.

Поддршката од семејството е најважна.

Клучна беше поддршката во целиот тој процес. Одма мајка ми сакаше да ми помогне, споделува Драган. Таа и претходно со други методи сакаше да ми помогне, но не беа успешни. Ова беше една одлична промена која сакам да ја направам. Сакам да престанам и сакам да одам таму. Во тој период решив да се тргнам од тоа друштво, го изгасив мојот мобилен и никој не можеше да ме добие. Бевме само јас и мојата фамилија. Не знам како би влијаело ако бев со моето друштво. Според мене успешно беше што јас се тргнав и успеав времето да си го посветам за себе.

Документарен магазин Приказна

Самото одвикнување траеше околу 10-тина дена. Целата програма беше интересна. Беше едно убаво време поминато во едно вложување само за себе. Имаше во текот на програмата некои потешкотии, но лесно се надминуваа кога ќе видев кои луѓе беа околу мене. Вработените во програмата секогаш ми ја даваа најголемата поддршка.

По програмата, од некои луѓе што ги знам од порано, гледам дека секој бара начин да се оттргне од тоа. Луѓето од мојата околина сфаќаат дека имаат тешкотии. Има некои кои сметаат дека тоа е многу добро и нормално. Се трудам на секој можен начин да им докажам дека не е добро. Јас сум примерот кој верувал дека марихуаната е добра, но воопшто не е така.

Јас сум нормален човек, работам, се дружам со мојата фамилија. Предходно тие работи ги игнорирав, важно ми беше само да користам дрога. Мојата порака до младите е тие што се на вистинскиот пат да се држат до него, да не дозволат другите да им го менуваат мислењето и ставот. Тие што навлегле во канџите на дрогата, да пробаат што поскоро да го решат тоа

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,498FansLike
3,121FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ