16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Деспина Ковачева: Милениците имаат карактер, како и ние

Приказна Зошто е убаво да се има миленик?

Деспина Ковачева Прекрасно е да се има миленик, затоа што ти го исполнува денот. Те активира на повеќе полиња. Прво, физички сме активни, ментално не стимулира и ти го исполнува животот на начин на којшто ако немаш миленик не можеш да разбереш зошто. Мора да се прошеташ со нив, иако имаш обврска мора да сметаш тоа дека мора да го шеташ, да му дадеш да јаде, мора да си активен околу него, а останатиот дел од љубовта која ти ја дава не можеш да ја споредиш со ништо. Те прави среќен и те исполнува. Едноставно, мораш да имаш миленик.

Приказна Што претставува грижата кон миленик?

Деспина Ковачева Грижата за миленик опфаќа поголем дел од активности за коишто мораме да сме спремни. Бараат и време и финансии.

Прво, мора да сме информирани и едуцирани, колку од активностите се за таа раса или големина на куче. На пример помало куче носи помалку одговорности, но поголемо куче бара повеќе активност и шетање.

Треба да знаеш добар ветеринар каде што треба да го однесеш, да знаеш места каде што треба да го шеташ, да одвоиш време за прошетки, да планираш ако заминеш на одмори, каде да го оставиш, да организираш храна, место за спиење, играчки.

Деспина Ковачевска

Приказна Од вашиот личен пример, каква ни е свесноста за милениците?

Деспина Ковачева Искрено, подобри сме од тоа што бевме. Јас навистина се трудам да едуцирам луѓе преку тоа што го работам, да информирам како треба да се чува.

Многу ми е мило што во последно време гледам, не само млади туку и возрасни личности кои доаѓаат спремни со информации. Тие се распрашуваат какво куче ќе земат, каква храна ќе му треба, какви играчки …

Гледам дека пред да се земе куче, луѓето се информираат, а не откако ќе земат. Поради тоа, мислам дека сме подобри.

Приказна Колку е значајна храната за кучето и со кого треба да се консултираме за квалитетот?

Деспина Ковачева Храната е основна, исто како и кај нас луѓето. Храната е потекло на здравјето на милениците, и затоа мора да сме внимателни што им даваме.

Моја топла препорака е да не им се дава домашна храна, што подразбира остатоци од ручек, лепче, тоа не е храна која би требало да ја јадат. Нивното тело не може да ја обработи таа храна, како што тоа го прави нашето тело. Затоа треба да сме внимателни со тоа кој тип на нутриенти им ги даваме, со цел да имаат добро здравје, убаво крзно, да бидат витални, да бидат функционални.

Мора да се внимава на состојките кои кучето ги прима. Ние сме сопственици и ние сме одговорни што им даваме. Важно е да се читаат состојките и секако, првите состојки треба да се од месо. Ако кај храната првите 5 состојки се од месо, тогаш се работи за една од поквалитетните храни. На кучето му треба протеин, за да има здрава крв и да функционира правилно.

Приказна Дали сме пријателски расположени кон животните и што уште треба да промениме?

Деспина Ковачева Искрено, не знам дали сме доволно петфрендли. Мислам дека можеме уште повеќе да бидеме.

Знам дека сè почесто локални кафулиња се петфрендли, имаме паркови за миленичиња, но треба уште да напредуваме на тоа поле. Дефинитивно има простор. Во странство можеш да влезеш со милениците во трговски центри, во аптеки, но тоа е работа од две страни.

Колку треба места да се направат петфрендли, толку и ние треба да работиме, кучињата да бидат навикнати на таков тип на атмосфера. Да се навикнат да одат во торба, во количка, транспортер, за да можеш да ги понесеш секаде.

Документарен магазин Приказна на тема миленици

Приказна Дали сегашните стратегии би довеле до резултат во борбата со бездомни кучиња?

Деспина Ковачева Сè почесто гледам дека луѓе вдомуваат миленичиња, поради што ми е мило.

Лајка имаат феноменални проекти и работа, па и многу ми е мило што сè повеќе кучиња се вдомуваат. Мислам дека одговорното сопствеништво, заедно со поголема едукација би довело до намалување на бројот на бездомни миленичиња. Мислам дека ако си поинформиран, едуциран, ако ја знаеш одговорноста кој ја носи миленичето во домот, тогаш претпоставувам дека би се намалил процентот на бездомни миленици.

Приказна На што најмногу се радуваат милениците кога ќе дојдат кај вас?

Деспина Ковачева На грицките. Имаме неколку кучиња кои си излегуваат со грицки во уста, со топчиња, си избираат работи.

Миленикот треба да се гледа како индивидуа, а не како раса, големина на куче. Тиe се индивидуи, исто како ние. Секое куче е различно и има различен карактер.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ