2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021
spot_img

Дезинформации ја сардисаа вистината

Здравствената криза предизвикана од пандемијата, создаде многу можности за ширење дезинформации на глобално ниво. Се појавија низа теории поврзани со коронавирусот, кои брзо се ширеа.

И покрај официјалните извештаи на СЗО, статистичките податоци кои науката ги потврди, процентите, зборовите на лекарите и експертите, се чини дека дезинформациите за коронавирусот полесно се прифаќаат. Западен Балкан силно е погоден од теориите на заговор. Генерално, теориите на заговор придонесоа за недоверба во  јавните политики и институциите во насока на справување со пандемијата со КОВИД-19

Дезинформативните наративи поврзани со КОВИД-19, во периодот од мај до ноември лани, го насочиле својот фокусот кон вакцините. Претходно главно се бараа виновниците кои го пуштиле вирусот.

Истражувањето на агенцијата Галуп покажуваат дека во некои од земји од Западен Балкан, граѓаните генерално веруваат дека ризикот од вирусот корона е претеран, а во некои случаи маргината е многу голема, над 70 проценти од испитаниците. За разлика од нашиот регион, Французите, Данците, Австријците и останатите, имаат сосема спротивен став, над 70 проценти од нив, не гледаат преувеличување на опасноста.

Забележливоста на теориите на заговор е голема на глобално ниво. Сепак, бројките во Западен Балкан  се многу високи. Од шесте најраширени теории на глобално ниво, три добиле поддршка кај  половина од населението. Тоа се: 

  • кинеската влада го направила вирусот во лаборатории, 
  • фармацевтската индустрија е виновна за ширењето на вирусот и 
  • теоријата дека вирусот излегол од лабораторијата во Вухан.

Истражувачите од универзитетот Карнеги во САД, кои проучуваат како се шират дезинформациите преку социјалните мрежи, откриле дека има повеќе од 100 лажни наративи што се однесуваат на коронавирусот.

  • Чипирање, (Ќе ја искористат пандемијата да не чипираат сите)
  • 5Г (5г ја предизвика пандемијата)
  • Бил Гејтс (Милионерот сака да не чипира, па затоа постои пандемија)
  • Вакцината не е сигурна;
  • Децата се имуни на коронавирусот

Ова се само дел од наративите со кои е преплавен дигиталниот простор на овие теми. 

Нивото на подготвеност на граѓаните од Западен Балкан да ја примаат вакцината, во октомври 2020 година е многу пониско од нивото на подготвеност во другите европски земји. Во регионот, дури 53, 4 проценти од испитаниците во земјите одговориле дека сигурно или најверојатно нема да се вакцинираат, додека 39,2%  ќе се или веројатно ќе се вакцинираат. Ова го покажуваат податоците на  истражувањето на Советодавната група за јавна политика на Балканот и Европа.

ЕУ очекува од платформите на социјалните медиуми да направат повеќе против штетните здравствени измами и конспиративни теории поврзани со Ковид-19, кои доаѓаат од Кина и Русија. Нивниот извештај ги посочи овие две земји за ширење дезинформации за пандемијата. На барање на Европската комисија, социјалните мрежи започнаа со активности за спречување на дезинформации.

Инстаграм почна да блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено неточни“ информации поврзани со вакцините.

Твитер објави дека ќе побара од корисниците да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни тврдења за вакцинација против коронавирус. Покрај тоа,  на корисниците на Твитер ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е вистинска или не е сериозна, како и дека вакцинирањето е непотребно.

Во правилата на YouTube стои дека ќе бидат отстранети сите непоткрепени тврдења во врска со вакцинирањето против корона вирусот кои противречат на консензусот на експерти од локалните здравствени власти или на СЗО. 

Фејсбук почна со отстранување на лажни содржини за вакцината против Ковид-19 од своите платформи. Според нивните податоци, околу 12 милиони објави што содржеле дезинформации поврзани со пандемијата биле отстранети од март до октомври. Во нашата земја проверувачот на факти Вистиномер ги проверува лажните наративи кои се шират преку оваа социјална мрежа. 

Дезинформациите за пандемијата се штетни и го загрозуваат јавното здравје. Токму затоа, не само што треба да се прифаќаат со резерва, неопходно е да се спречи нивното ширење.

Секој од нас може да влијае во тоа. Еве неколку препораки:

Одбегнувајте сензационалистички наслови

Проверувајте ги информациите од најмалку два извори

Информирајте се од кредибилни извори

Не прифаќајте сомнителни пораки

Пријавете страници кои шират лажни наративи

Вашето здравје заслужува комплетна одговорност

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

2,348FansLike
1,235FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ