14.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Дарја Ризова најдобра актерка на ФКТ „Ристо Шишков“

Ко-продукциската претстава „Нема да биде крај на светот“, на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, беше дел од натпреварувачката програма меѓу девет претстави на овогодишниот 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица кој се одржува од 8 до 13 септември.

Дел од историјата на овој фестивал е и Дарја Ризова која ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Звездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер, и Петре Арсовски, актер.

Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.

Известува – Мила Анѓелковиќ

РСМ НУ Македонски народен театар

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ