11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Дарко Перушески: Глеј ТВ е првата македонска стриминг платформа која обезбеди дигитална трансформација на аудио визуелните содржини

Нетфликс е еден од одличните примери за успешна дигитална трансформација на светскиот пазар во аудиовизуелната сфера. Кај нас од скоро, имаме стриминг сервис, направен по сличен концепт, тоа е Глеј ТВ.

Дарко Перушески вели: „Глеј“ е првата македонска национална стриминг платформа која овозможува Македонија да ги дигитализира медиумите на некој начин и да се приклучи кон светските трендови.

Овој концепт го менува начинот на функционирање на кабелските оператори, а воедно и концептот на телевизија кој го имавме досега. Практично, овој концепт на дигитална трансформација е интелигентен начин да се следат барањата на публиката. Податочниот систем во аудиовизуелниот бизнис, придонесува информациите за барањата на консументите да влијаат врз оформување на идната понуда. Благодарение на податоците кои ги оставаат корисниците, тимот на Глеј ТВ може да креира понуда.

Според Перушески, дигиталната трансформација на медиумите односно гледањето на видеосодржини донесе бројни предности за гледачите. Сега тие не мораат да чекаат нивната омилена содржина да биде емитувана во точен термин и да го приспособуваат денот според тоа, нити пак да бидат зависни од уредувачкиот избор ма мал број содржини кои се емитуваат во термините погодни за гледање.

Наместо тоа, додава Перушески, гледачите сами ја бираат програмата и терминот во кој ќе гледаат. Персонализацијата оди и чекор понатаму, па новите дигитални медиуми директно учат од гледачите и според тоа ја приспособуваат понудата за нив. И сето тоа со извонреден квалитет на видео и аудио, директно испорачан за секој поединечен корисник, и тоа испорачан на разновидни уреди, од т.н. Смарт телевизори преку таблетите и мобилните телефони, а се разбира и компјутерите со што корисниците имаат можност да бираат како ќе ја гледаат програмата.

Концепт на дигитална трансформација е интелигентен начин да се следат барањата на публиката. Податочниот систем во аудиовизуелниот бизнис, придонесува информациите за барањата на консументите да влијаат врз оформување на идната понуда. Благодарение на податоците кои ги оставаат корисниците, тимот на Глеј ТВ може да креира понуда.

Предноста на ваквите стриминг платформи е во тоа што ние практично во живо го следиме однесувањето на нашите гледачи, што сакаат, што гледаат што ги интересира и спрема тоа лесно ја приспособуваме програмската понуда, смета Дарко. Тие статистики ни помагаат да направиме што поквалитетна програма.

Податоците покажуваат над 25.000 регистрирани корисници, со просечно поминати 4 часа дневно по корисник. Околу гледаноста, се покажа исправна нашата концепција каде што македонската програма е најгледана. Преспав е најгледаната програма, вели Перушески.

Програмската понуда е заснована на 3 стоба. Едниот столб е локалната продукција. Тука обединивме голем дел од домашната продукција, изјави Перушески за Приказна. Тоа е замислено да биде место каде гледачите ќе можат на еден современ начин на гледање на телевизија да ја консумираат македонската содржина.

Документарен магазин Приказна на тема дигитална трансфромација

Вториот столб е регионалната продукција, која е во голем пораст во последниот период и која ја ставаме во еден голем избор на платформата и третиот столб е детската програма. Вложивме многу време и средства, за да ја локализираме понудата на мајчин јазик, на македонски и албански, квалитетни детски содржини кои покрај тоа што се забавни, имаат едукативна компонента.

Во моментот располагаме со над 15 наслови, синхронизирани на македонски и албански јазик. Покрај тоа, имаме и холивудска понуда и понуда на одлични европски програми, сето тоа на македонски и албански јазик. Корисниците можат да изберат на кој јазик ќе ја следат програмата, смета Перушески

Целта на тимот на Глеј Тв во иднина е да продуцира нови програмски содржини во која ќе биде опфатен домашниот и регионалниот пазар.

Автор Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,821FansLike
1,516FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ