22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Дарко Булдиоски: Образованието е клучен фактор во обликувањето на културата во јавната комуникација

Ако сакаме да го расчистиме дигиталниот простор од токсичните содржини кои ги има во него, треба прво да го исчистиме општеството. Дигиталниот простор е рефлексија на општеството. Сè што ни се случува во реалниот живот, надвор од дигиталниот свет ние потоа го пренесуваме и во дигиталниот свет. Едноставно, мора да работиме на решавање на општествените проблеми, изјави Дарко Булдиоски од NewMediaMK за Приказна.

Приказна Како да спречиме дигиталниот простор да биде токсична средина, поради некултурата во комуникацијата и зачестеното присуство на говор на омраза?

Булдиоски Проблемите во општеството се тие коишто се рефлектираат во дигиталниот свет. Еден сериозен проблем што го имаме со години и тој само се продлабочува, тоа е образованието. Не станува збор само за базично образование, туку и во поглед на медиумска писменост, образование во поглед на критичко размислување и образование во поглед на однесување кон околината.

Образованието е клучен фактор, но не е насочено само кон дигиталното образование, туку едно пошироко образование кон сите можни полиња.

Приказна Како да реагираме доколку некој не навредува на социјалните мрежи? Дали треба да бришеме такви коментари, да ги игнорираме или да пријавиме?

Булдиоски Ако сакаме да го расчистиме дигиталниот простор од токсичните содржини кои ги има во него, треба прво да го исчистиме општеството. Дигиталниот простор е рефлексија на општеството. Сè што ни се случува во реалниот живот, надвор од дигиталниот свет ние потоа го пренесуваме и во дигиталниот свет. Едноставно, мора да работиме на решавање на општествените проблеми.

Приказна Сметате ли дека клучот за справување со некултурата во комуникацијата на дигиталните мрежи, лежи во образованието?

Булдиоски Школскиот начин на решение би бил, пријавете. Во институции, во самата мрежа и сл. Има механизми и алатки со кои ние можеме да реагираме за да се спречи или анулира таквиот тип на однесување. Меѓутоа, искуството вели дека во голем број на ситуации, некогаш е многу подобро да ги игнорираме тие работи, затоа што тие луѓе што го сториле тоа се желни да го добијат вашето внимание и се борат да привлечат што поголема токсична публика, околу своите коментари. Ако не им го пружиме тоа, ако не им дадеме шанса да се ситат на негативните коментари на кои тие сакаат вие да реагирате, тогаш веројатноста да се обесхрабрат да го прават тоа е поголема.

Документарниот магазин Приказна на тема култура во комуникацијата

За Приказна

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ