16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Грозде Алексовски: Трошиме повеќе природни ресурси, отколку што природата може сама да ги обнови

Градовите се повеќе растат. Со урбанизацијата секое слободно парче земја помеѓу два станбени објекти се гледа да се пополни. Статистиките покажуваат дека повеќе од 50% од светското население живее во градови. Се предвидува дека многу скоро тој процент ќе се зголеми на 2/3 од вкупното население. Градовите се пренаселени. Постои еден термин кој нарекува урбан топлотен остров, кој претставува еден предел каде температурата е повисока од блиската околина дури за 8 С. Тоа е ефектот на урбанизацијата. Така се ранливи градовите и урбаните средини. Тоа научниците односно урбанистите предвидуваат урбанистички планови со коишто ќе ги намалат влијанијата на климатските промени. Поголемото растојание помеѓу објектите, да може да има провев, провевот пак ја прочистува средината, го прочистува воздухот и на тој начин ги ублажува на некој начин влијанијата на климатските промени. Самата урбанизација во себе носи повеќе причинители на загадувањето, како што се автомобилите итн. Одличен пример за една заштита на урбаните средини е зголемување на бројот на зелени површини, ако не може паркови, тогаш во секој кварт, да се засади малку трева, ако нема површини, бидејќи потребата од површини и градби е сè поголема, може на самите фасади и на кровните тераси да се постави зеленило, кое ќе емитира добри гасови и ќе го прочистува воздухот, вели за Приказна проф. Грозде Алексовски, директор на институт за земјотресно инженерство и климатски промени.

Приказна: Кои се последиците од климатските промени?

Алексовски Климатските промени не се нешто што е ново или што ќе се случи во иднина, и затоа последиците ги чувствуваме трајно и секојдневно. Главни последици коишто сите ги чувствуваме се: поплавите, силните ветришта, како резултат на поплавите имаме ерозија на земјиште, во екстремните сушни периоди имаме суша, пукање на земјата, летно време кога имаме високи температури имаме шумски пожари, сведоци сме на тропски топлински бранови кои ветровите ги носат а доаѓаат од Сахара, и како резултат на овие појави доаѓа до изумирање на растителниот и животинскиот свет,

Приказна: Како тоа се одразува на нашата земја?

Алексовски Ние сме дел од планетата земја. Истите овие појави ги има и кај нас и ги чувствуваме. Ги немаме оние промени во океаните и монсунски бранови, но скоро сите други појави ги имаме и кај нас.

За да се спречат одредени појави односно да се заштитиме од климатските промени неопходно е вложување на средства. Економијата на нашата држава ја знаеме каква е, така да тешко би можеле со нашата економија да се справиме со последиците од климатските промени. Во литературата постои еден статистички податок кој вели дека просечно е потребно 1% од БДП да се одвои за спречување на последиците, додека 5% за санирање на последиците. Ние дури ни тие 1% од БДП не можеме да ги обезбедиме. Затоа е ни е неопходна помош од светот, од развиените земји, бидејќи ова е глобална појава.

Приказна: Можат ли климатските промени да влијаат на здравјето на луѓето?

Алексовски Секако. Во претходно наведените појави и последици што климатските промени ги предизвикуваат, главно се претпоставува дека растенијата, шумите и околината директно се изложени на климатските промени, додека индиректно, климатските промени влијаат и на здравјето.

Се прогнозира дека ако сега ја имаме пандемијата од ковид 19, можеби некоја наредна пандемија ќе биде предизвикана од климатските промени, екстремните температури итн. Болести кои се поврзани со зголемена температура се: астма, дијабет, бубрежни болести, потоа со климатските промени и последиците кои тие ги носат имаме ширење на заразни болести. Доволно е да имаме екстремно висока температура, да јадеме некоја храна, која била малку подолго изложена на високи температури, да почнат да се развиваат бактериите и со тоа да си нанесеме некоја болест. Со поплавите доаѓа до мешање на подземните води и водата за пиење, па така ако навреме не се детектира, може да настанат заразни болести кои се пренесуваат преку водата. Исто така во одредени предели од околината, последиците на климатските промени, како што се поплавите, пожарите, можат да доведат и до раселување на населението коешто живее таму, некогаш и до целосно опустошување, а населението мора да бара други места, па се формираат бегалски кампови.

Промената на климата, начинот на живеењето, предизвикуваат други здравствени проблеми и болести. Потоа квалитетот на воздухот, знаеме дека придонесува до промена во респираторните проблеми, ако сега маските ги носиме поради ковид, порано тие се носеа за заштита од непожелните честички во воздухот. И последно, но не најмалку важно е менталното здравје. Ако во една поплава или пожар ви изгори домот, тоа може да придонесе до психички трауми, кои оставаат трајни последици.

Приказна: Како се ранливи градовите на климатските промени?

Алексовски Градовите се повеќе растат. Со урбанизацијата секое слободно парче земја помеѓу два станбени објекти се гледа да се пополни. Статистиките покажуваат дека повеќе од 50% од светското население живее во градови. Се предвидува дека многу скоро тој процент ќе се зголеми на 2/3 од вкупното население. Градовите се пренаселени. Постои еден термин кој нарекува урбан топлотен остров, кој претставува еден предел каде температурата е повисока од блиската околина дури за 8 С. Тоа е ефектот на урбанизацијата. Така се ранливи градовите и урбаните средини. Тоа научниците односно урбанистите предвидуваат урбанистички планови со коишто ќе ги намалат влијанијата на климатските промени.

Поголемото растојание помеѓу објектите, да може да има провев, провевот пак ја прочистува средината, го прочистува воздухот и на тој начин ги ублажува на некој начин влијанијата на климатските промени. Самата урбанизација во себе носи повеќе причинители на загадувањето, како што се автомобилите итн.

Одличен пример за една заштита на урбаните средини е зголемување на бројот на зелени површини, ако не може паркови, тогаш во секој кварт, да се засади малку трева, ако нема површини, бидејќи потребата од површини и градби е сè поголема, може на самите фасади и на кровните тераси да се постави зеленило, кое ќе емитира добри гасови и ќе го прочистува воздухот.

Документарниот магазин Приказна посветен на климатските промени

Приказна: Од каде и како да почнеме за да ја постигнеме целта од 1,5 степени затоплување наместо 2 или повеќе?

Алексовски Ова е едно од најважните прашања за климатските промени и дејството, и поради тоа во 2015 година потпишан е Парискиот договор за справување со климатските промени, во којшто потписниците се согласни имаат за цел, да го намалат порастот на затоплувањето на 2 степени, а ако може, да направат напори тој да биде 1,5 степени зголемување на затоплувањето на годишно ниво.

Каде и како да започнеме?

Прво и основно, тука е образованието и едукацијата на населението. До пред извесно време, можеби до пред 10 години, незнаевме што се тоа климатски промени. Единствено се радуваме и знаеме дека ќе дојде топло и среќни сме и задоволни, меѓутоа за лошите последици, кои се резултат на затоплувањето, не сме биле свесни.

Второ, мерките кои државата може да ги преземе, а тоа се: планирано искористување на шумите, зголемување на површините со зеленило, односно да не се урбанизира целиот простор, туку во значителен обем, за да можат да го прочистат воздухот.

Трето, субвенционирање на извори на енергија кои се од обновлив карактер. Тоа се сончевите колектори, фотоволтаици, користење на биогас. Биогас централите го користат ѓубривото како нуспродукт од животинските фарми за производство на гас, кои пак понатаму ќе се користи за производство на електрична енергија. Истражувањата покажале борбата од негативните ефекти од климатските промени е можна само доколку луѓето се подготвени да прифатат крупни промени во начинот на живеење.

Ние трошиме многу повеќе природни ресурси, отколку што природата може сама да ги обнови. Потребно е да се има поодговорен однос кон животната средина. Бројките покажуваат дека потрошувачката по човек изнесува 1,1 за одржување во домаќинството, 0,8 за превоз, изразено во тони на еквивалентен јаглероден диоксид, потоа 0,7 за храна и 0,8 за други потреби. Карбонскиот отисок е показателот за загадување на околината. Најдобриот начин на намалување на овој карбонскиот отисок е промена на начинот на живеењето. За смалување на оваа емисија на карбон диоксид најмногу може да се придонесе ако се научиме да живееме без автомобил и да користиме обновлив извор на енергија. За илустрација, просечното намалување на карбонскиот диоксид изразена во тони изнесува најмногу 2,04 за живот без автомобил, користење на електрични автомобили, еден лет помалку со авион, користење обновлива енергија, користење на јавен превоз, реновирање на домот, користење на веганска исхрана, користење на топлотни пумпи, подобра опрема во кујната.

За крај, она што може сите да направиме е да јадеме помалку месо, млеко, сирење и путер. Тоа не е заради самото млеко, туку поради начинот на кој доаѓаме до самото месо. Потоа користење на локална храна, готвење во помали количини, со цел избегнување на вишокот храна, пешачење или возење велосипед, патување со воз или автобус наместо со авион, организирање деловни конференции во живо односно видеоконференции.

За Приказна

Ване Марковски

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ