38.8 C
Skopje
Wednesday, July 17, 2024
spot_img

Виолета Георгиевска: Добар лидер поттикнува успешна соработка во својот тим

Емоциите коишто ги имаме и чувствуваме, потребно е да ги контролираме. Не секоја ситуација е ситуација во која треба да ги искажеме своите емоции. Во една работна средина каде што постои верување дека не треба да ги искажуваме своите емоции. Умешноста на добриот лидер е да ги препознае емоциите кај другиот и да му даде признание на другиот, дека знае зошто така се чувствува, изјави за Приказна, Виолета Георгиевска, дипломиран психолог и лиценциран психолог по психологија на труд.

Може ли да ја зголемиме нашата емоционална интелигенција?

Виолета Емоционалната интелигенција се учи од нашето примарно семејство. Нашите родители нè учат на искажување на нашите емоции, да ги препознаваме и именуваме. Начините на именување и искажување на нашите емоции, овозможуваат подоцна во нашите животни да ги препознаеме емоциите на другите луѓе, што е многу важно за емоционалната интелигенција. Потребно е да имаме свесност за нашите емоции и самоконтрола за тие емоции да не нè преплават. Само оние луѓе коишто имаат чувства за своите емоции, може да ги разберат и препознаат емоциите кај другите луѓе.

Како да научиме да ги препознаеме емоциите?

Виолета Емоциите се учат во нашето семејство. Кога сме радосни да имаме дозвола од нашите родители да ја искажеме нашата радост, кога сме тажни, да кажеме дека сме тажни и едноставно да сме во контакт со тоа чувство, кога сме лути да кажеме дека сме лути и да го покажеме тоа. На тој начин се учат емоциите во нашиот живот.

Како влијаат емоциите врз нашето однесување во секојдневието?

Виолета Емоциите коишто ги имаме и чувствуваме, потребно е да ги контролираме. Не секоја ситуација е ситуација во која треба да ги искажеме своите емоции. Во една работна средина каде што постои верување дека не треба да ги искажуваме своите емоции. Умешноста на добриот лидер е да ги препознае емоциите кај другиот и да му даде признание на другиот, дека знае зошто така се чувствува.

Зошто емоционалната интелигенција кај лидерите е важна?

Виолета За еден лидер да биде вистински лидер, покрај тоа што треба да има рационална интелигенција, потребно е да има и емоционална интелигенција, односно да ги разбере емоциите кај другите. Во самата работна средина во која имаме вработен кој е под наплив на силни емоции, а при тоа имаме одредени задачи кои тој треба да ги заврши во текот на работниот ден, лидерот е тој којшто треба да ги препознае чувствата кај другиот, да му пријде и да му даде признание дека забележил дека тој се чувствува различно од други денови. Со самото признавање, по одреден временски период, самиот човек ќе може да се фокусира на самата работа и да ја заврши до крај.

Доколку некој ви каже дека постои еден квалитет од кој зависи вашиот успех на работата, а тоа е соработката со колегите, верувам дека ќе дадете се од себе за да го развиете до крај.

Може ли да биде злоупотребена емоционалната интелигенција?

Виолета Лидер кој има високо ниво на емоционална интелигенција, не може да ја злоупотреби. Тој има чувства за другите, има изградено доброи интерперсонални односи, па членовите на својот тим ќе ги води кон успех. Лидер со високо развиена емоционална интелигенција не би требало да манипулира. Тогаш не би бил лидер.

Како емоционалната интелигенција е важна за самосвеста и одговорноста кај нас луѓето?

Виолета Човек кој има развиено емоционална интелигенција уште од самото детство, а и во текот на животот ја надоградува, тој човек е свесен за своите чувства и за сè она што се случува околу него. Луѓето што имаат развиено емоционална интелигенција, не само што имаат самосвест за своите чувства и чувствата за другите, туку се личности коишто градат и добри интерперсонални односи со другите луѓе, а и соработката со другите е на повисоко ниво.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,276FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ