22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Вида Гавиловска: За доброто на децата, најдете барем половина час за квалитетно време со нив

Кога креваме рака на некој кој е хиерархиски помалку моќен од нас, тоа е импулсивност, немоќ, нешто што ние сме го преживеале како научена техника која функционира, но воопшто не се размислува за последиците кои ваквото насилство ги остава врз децата. Во тие моменти детето се чувствува дека тоа е одговорно за насилството, дека го заслужува тоа, дека е корисно и воспитно за него, но се јавува болка во очите на детето. Во тој момент се кине врската родител-дете затоа што апсолутно не е хумано да тепаме животни, а не деца, нагласува психологот Вида Гавриловска.

Зошто ќотекот не е добра воспитна мерка?

Вида Тоа е старото кое апсолутно е докажано дека не важи и дека ќотекот е излезен од рајот, но кога зборуваме за деца во однос на нивниот психолошки и когнитивен и емоционален развој, ќотекот е една деструктивна мерка. Таа покажува неколку работи кои се клучни за оваа тема.

Една од нив е немоќта на родителот да се соочи со ситуацијата, перцепцијата на родителот дека тоа е начин кој ќе превенира нешто, без можност да застане во тој момент и да види што се случува со него.

Кога креваме рака на некој кој е хиерархиски помалку моќен од нас, тоа е импулсивност, немоќ, нешто што ние сме го преживеале како научена техника која функционира, но воопшто не се размислува за последиците кои ваквото насилство ги остава врз децата.

Во тие моменти детето се чувствува дека тоа е одговорно за насилството, дека го заслужува тоа, дека е корисно и воспитно за него, но се јавува болка во очите на детето. Во тој момент се кине врската родител-дете затоа што апсолутно не е хумано да тепаме животни, а не деца.

По прекинувањето на таа врска и чувството на одговорност, на тага, следи нешто што сите ние сме го виделе а тоа е на моменти кога се појавува конфликт, децата сами викаат подобро удри ме ама немој да не ми збориш. После физичката казна, она што се случува најчесто, родителот има чувство на вина, грижа на совест, жал му е што го направил тоа или пак ја одржува лутината.

Кога се пројавуваат овие чувства, родителот е понежен со детето, па ќе го погали и ќе му каже извини, или ќе му даде нешто што детето сака и ова е одличен модел на креирање една психолошка реалност кај детето дека за да бидеш сакан, да добиеш љубов и да имаш позитивна врска, мора да го поминеш циклусот на болка.

Како општество сме задоени дека е важно детето да има стравопочит. Тоа се покажало дека не е една од најфункционалните стратегии поради тоа што сте стреми позитивното родителство, функционалното родителство е во улога на референтна моќ, а не во улога на страв. Кога има вакви радикални, насилни мерки ситуацијата може да се среди, но, гневот, очајот, бесот кон детето остануваат, и тоа не знае како да се носи. Дури многу често се случува детето да не знае зошто е казнето.

Кога доаѓа до физичко насилство, родителот не вика јас не знам да се справам, јас не сум моќен, туку вика ти си лош, ти направи ова, ти насмееш ова итн. Во тие моменти нема никаква конструктивност за да му се помогне на детето да не го прави тоа, туку е низ призма на страв. Ова модел ако го доживува некој, очекувано е да го практикува затоа што функционира.

Спротивно од тоа демократскиот родителски стил кој апсолутно не значи дека децата се разгалени или сè им е дозволено, подразбира учење на нови техники, нови стратегии. Така да наместо да ескалира ситуацијата, многу често се превенира. Во тие моменти кога е на праг да излезе од контрола, родителот знае да застане мирно, сам со себе и да воспостави соодветна комуникација со детето.

Наместо ако фрла бои и го бои мебелот, а родителот му вели немој да го боиш, ти кажав 5 пати, го оштетуваш, па следува вербално, психолошко или физичко насилство, мали се капацитетите да се помогне. Идеални родители нема, како што нема идеални деца. Дел од овие вештини се учат и контролираат.

Колку децата кои се тепани од родителите, го прифаќаат тоа како нешто нормално? Што се случува кога некој насилник ќе ги нападне?

Вида Во зависност од возраста на детето две сценарија се најчесто присутни. Кога тоа е хронично, не се дискутира, не се упатуваат позитивни критики и кога перманентно се случува ова детето во своето главче формира идентитет а тоа е дека јас сум лош, јас не вредам, не сум сакан, ова е начин на кој се решаваат работите и љубовта оди паралелно со навреда и физичко насилство. Разликата е во темпераментот на детето во однос на неговите социјални контакти.

Дел од овие деца стануваат мета на насилство, затоа што во тие моменти тие се преплашуваат, се блокираат и немаат капацитет да се справат со тоа и остануваат во таа позиција, никому не го соопштуваат тоа, молчат, се плашат. Другите деца се оние кои прават насилничко однесување поради бес, гнев, страв, лутина која ја чувствуваат и е корен најчесто од семејните односи.

Колку е погрешна онаа фраза „ако некој те удри, удри го и ти“?

Вида Идејата на насилство да се врати со насилство не е функционална, поради тоа што ние пред детето ставаме уште еден товар. Ние како возрасни, ако некој не нападне не сме сите во состојба сите да се справиме со него, туку ќе го судиме, ќе бараме полиција итн.

Често родителите стават невозможна задача пред детето. Едно е да се чувствува криво зошто е мета на насилство и се чувствува виновно, затоа што не успеало да се справи со насилникот. Тоа носи уште поголем ризик. Функционално е да се бара од детето кога се чувствува загрозено, навредено, некој сака да го повреди, насоките се да ги избегне тие ситуации колку е можно, а тоа родителот ќе го знае ако не го тепа детето. Ако го тепа, овие работи никогаш нема да му ги каже. Децата не може да се справат и не е во ред да се справат со насилник.

Ние имаме доста културолошки и традиционални пораки коишто навистина се дисфункционални. Мислам дека тие пораки се за краткорочно решавање на целите, да малку се влее страв, да се напумпа тоа па да може полесно да се координира и контролира однесувањето на детето.

Ако се враќаме наназад, имало многу поризични ситуации кои децата ги прават, токму од стравот да родителот не знае како бегање од дома, влегување во друштва кои се во деликвентни рамки, крадење пари и слично. Факт е дека е сите и во тоа време користеле насилство за да ги решат работите. И тогаш имало семејства кои креирале добар однос кој не е насилен. Децата сакаат да ги задоволат потребите на родителите и своите. Ние не може да очекуваме тригодишно дете да седи 2 часа мирно и да игра со едно кукличе и да е сè во ред. Децата сакаат да бидат добри деца, да бидат пофалени, да бидат родителите горди на нив.

Изјавите и нас не тепале, може е убаво да се преиспита, колку сме ние блиски со нашите деца и какви чувства ни се побудуваат кон нашите родители и колку они биле вклучени во нашите емоционално, важни моменти.

Колку е штетно викањето, навредувањето?

Вида Статистички физичкото насилство го следат сите форми на насилство кое се случува, во кое спаѓа и емоционалното, психолошкото, пример „Ако ти мене ме сакаш ќе бидеш умен“, а детето не знае што е умен итн. Тоа е еден волшебен круг од кој тешко се излегува.

Погрдните зборови, вербалното насилство ја имаат истата функција како физичкото дури и пораката е иста, ти не вредиш ништо, не умееш ништо, ти ме нервираш, ми причинуваш болка, не сакам да те видам, ти си невоспитан, без идеја дека детето е такво какво што е поради релациите што се случуваат во семејството. Дури и во случаи во кои децата имаат соодветна грижа и знаат како да постапат во некои ситуации се повеќе функционални од некои други деца. И кога знаат дека се во право, тие деца растат со идејата дека не ги бидува, дека се лоши деца, дека не знаат да ги направат работите како што треба, ги изневеруваат очекувањата од родителите.

Дури кога ќе пораснат, ако има се случи нешто убаво тие деца, немаат дозвола за среќа. Дури некој да ги сака со душа и срце, нив им е тешко тоа да го примат, затоа што околу себе имале ситуации кои правеле да се чувствуваат несакани и не заслужуваат љубов и успех.

Честопати стресот на родителот од работа, секојдневните ситуации се рефлектира врз децата. Како во тие ситуации да научат да се справат со тие емоции?

Вида Со сета почит кон целиот товар кој го носи денешното родителство, најчесто овие луѓе избираат да се истурат на децата, не кај некој од кој можат да добијат насилство. Факт е дека имаат прекувремена работа, стрес, финансиски проблеми. Она што е важно е релацијата родител-дете. Не мора да биде 100% емоционално присутна, но доволно е барем половина час во текот на денот да се креира активно слушање, квалитетна комуникација, квалитетно поминато време. Кога има вакви ситуации, ако родителот е свесен за тоа што му се случува, тоа да го сподели.

Едноставно да каже денес имав тежок ден, нервозен сум. Децата го прифаќаат тоа многу полесно отколку агресивни или насилни методи. Тоа е моделот којшто ние го пренесуваме затоа што со многу силни зборови кажуваме. И јас како мајка, татко имам право да бидам лут, тажен, изнервиран, некогаш да имам контрола, да викнам, но имам капацитет да се соберам и да сносам одговорност за тоа што сум го направила и да објаснам што се случува.

На овој начин децата ќе пробаат да направат нешто убаво, да ги орасположат. Во спротивно ако е само тага, бес и агресивна релација, децата не го разбираат и ќе направат беља за родителот да побесне и на тој начин ќе ја блокира тагата.

Како и сè во животот, сите улоги се учат, па така и родителството. Иако сум психотерапевт, сметам дека најдобар учител на родителот се децата. Доволно е само да ги слушаат и гледаат и сами ќе видат што функционира, што не.

Најдобриот водач кон родителството е детето. Родителите имаат капацитет и гледаат што со нивното дете, функционира. Ако се случи да избувнат, да се изнервираат и застанат со него и разговараат, детето само ќе им каже. Кога нештата се покомплицирани, постојат стручни лица кои можат да бидат помошници и заедно да креираат нови техники и методи за различна комуникација, која ќе помогне да и родителот и детето се чувствува поуспешно.

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ