7.8 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Вера Сретенова Симјановска: Танцувањето придонесува за правилен детски развој

Главната мисија на Степ ап е да ги анимира најмалите. Да започнат од најмала возраст да се занимаваат со танцот како спорт, вели за Приказна, Вера Сретенова Симјановска. Екипата која го формираше овој клуб се неколку ентузијасти. Со нас работат лиценцирани тренери кои се и лиценцирани судии од највосок ранг во Македонија. Ги поттикнуваме и советуваме родителите, најдобро да започнат со запишување на своите деца на овој танцов спорт од школска возраст, 6-7 години. Ако некое дете има желба и талент, може и од помала возраст околу 5 години.

Таа додава дека танцот има многу придобивки. Главната е физичката активност. Најмладата популација да се занимава со секој спорт е добро. Танцот ја зголемува концентрацијата кај децата, положбата на телото, добар развој. Паралелно со тоа и менталната способност, се зголемува концентрацијата, се подобрува самодовербата, се поттикнува чувството на одговорност, стекнуваат дисциплина и навики, редовен спортски живот вклучувајќи исхрана, редовни тренинзи, обврска нешто да направат во одредено време и со тоа се надоградува целокупната личност, смета Симјановска.

Сето она што го подготвуваат спортистите со нивните тренери и кореограф, и се валоризира преку натпреварите. Натпреварите се само еден показател до каде стигнале и што сме постигнале помеѓу еден и друг натпревар. Цел труд, вложена енергија, поддршката од родителите се покажува на тие натпревари. Успесите па и поразите се добар показател за до каде стигнала работата и што понатаму, смета Вера.

Таа додава дека од почетокот на формирањето на клубот, интересот бил на завидно ниво. Стагнацијата се случи за време на пандемијата. Сега повторно оди во нагорна линија и се надевам дека тоа ќе прогресира и понатаму, смета Симјановска.

Ване Марковски

 

 

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ