8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

“Вера сонува за морето” со гран при на Интернационалниот филмски фестивал во Токио

Филмот “Вера сонува за морето” ја освои  гран при наградата на Интернационалниот филмски фестивал во Токио.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

За режисерката на филмот, Калтрина  Красниќи најголема инспирација бил главниот лик, Вера, која според неа е претставник на една генерација жени кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век.

Главната улога ја толкува актерката Теута Ајдини – Јегени, а во филмот уште играат и: Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др.

Сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори на Огнен Антов.


Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ