-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023
spot_img

Бадник, ден пред Божиќ

Православните христијански верници го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, Бадник секоја година се празнува на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари. Овие два празници ги менуваат деновите, но не и датумите.
Од рано утро се слушаат гласовите на младите коледари, кои одат од дом до дом пеејќи коледарски песни. Како една народно прифатена коледарска песна години наназад е:
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…

По завршувањето на пеењето, домаќините ја отвараат вратата од своите домови и ги даруваат младите коледарчиња со јаболка, портокали, костени, ореви, парички…

Бадник е прекрасен семеен празник, а воедно го означува и крајот на 40-дневните божиќни пости. На овој ден семејството се собира заедно на Бадникова посна вечера. Сѐ започнува со палење на бадниковото гранче, најздравото дрво кое ја симболизира среќата и здравјето на сите членови во
семејството. Се пали свеќата и се повикува Господ на вечера.

Вечерата е посна и вклучува лебче со паричка, гравче-тавче, риба, сарма, варени костени, тиква, овошје, ореви. Домаќинот на куќата откако ќе се прекрсти, го разделува лепчето на членовите на семејството, притоа остава едно парче за Бога и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде паричката ќе го прати здравје, среќа и успех во годината што претстои.
По Бадниковата вечера, храната од масата не се трга. Се остава преку ноќ, од причина што се верува дека Господ ќе дојде вечерта да се нахрани.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,896FansLike
1,528FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ