16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Анче Стојова – Ништо нема да ме сопре да успеам во животот!

Анче Стојова била оставена во домот за деца без родители, кога наполнила две години. Тогаш започнала нејзината животната голгота и развојот на несреќната судбина.

„Не ја обвинувам мајка ми зошто го направила тоа. Морала! Немала друг избор! Најтешко ми беше кога доаѓаше да не посети. Многу плачев. Брат ми ќе ми речеше дојди да купиме чоколадо, за да ме залажат и мама да си отиде“, раскажува со силна тага оваа девојка.

Колку и да им простила на тие кои ја повредиле, сепак срцето тие тешки денови нема никогаш да ги заборави.

– Првиот ден надвор од домот ми беше најтежок. Не знаев што понатаму. Среќа брат ми ме прифати кај него во стан, инаку не знам како ќе ја поминев првата ноќ сама.

Многу солзи пролевала оваа девојка. И македонската јавност ја оплакуваше нејзината тешка животна приказна. Анче тогаш од народот побара каква било работа и помош во храна, хигиена и финансии за да може да ги плати сметките и за да не гладува со денови.

Кога екипата на „Срце на дланка“ замина да ја сними, не претпоставувавме дека народот ќе се обедини, брзо и сложно за да и помогне.

„Не ме интересира колку е долг патот или колку се тешки препреките на патот. Единствено што знам е дека ништо нема да ме запре додека одам по мојот животен пат“-се храбри Анче.

По споделувањето на нејзината лична приказна, Анче од добрите луѓе доби храна, средства за хигиена, раздолжени сметки. Но, светла точка во нејзиниот живот е реакцијата на директорот на едно јавно претпријатие, каде таа конечно добива работа. На овој начин, таа се стекнува со сигурен месечен приход.

За жал, иако оваа приказна, по овој развој требаше да биде убава, сепак радоста трае кратко. Во мај, откако ќе се влоши состојбата со нејзината нога, според дијагнозата на докторите, следи итно отстранување на делови од неа. Операцијата минува добро.

Анче не се предава. Сака да продолжи да оди на работа. Но, за да се случи тоа, неопходна е протеза која чини 1000 евра, па за тој трошок, Анче ќе биде благодарна ако некој и помогне.

Анче е благодарна на сè досега, на сите промени кои и се случија во животот, благодарение на добриот народ. Сега е пред нова препрека, ќе рече таа. Јас би додала нов предизвик. Зашто само извесна сума на пари ја дели од нејзиниот животен сон. Да собере пари за протеза за ногата и да продолжи да оди на работа каде ќе се дружи со колегите и пријателите. Оваа девојка е полна со живот. Неопходно е да и дадеме шанса за да живее како што треба или барем еднаш како таа сака.

Телефон: 070/976740 Сметка: 210501684866090

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,400FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ