22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Адријана Данчевска: Вистинска борба е да се препознае танцот во Македонија

Адријана Данчевска пред неколку дена ја освои првата награда и наградата од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград. Во оваа корегографија настапува со современиот танчер Дејан Битровски. Данчевска е дел од Скопје танцовиот театар. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД.

Тешко ли е еден уметник да се избори за успех и да опстане во танцот, професија која не е сигурен извор на егзистенција?

Адријана Апсолутно да, особено во нашата земја, а и регионот.

Кој е клучниот чекор еден танчар да стане и кореограф?

Адријана Во принцип тоа не е нешто што секогаш се случува. Доколку танчарот има негов порив или желба за креација, да ја искаже, покаже и сподели, тогаш тоа се случува.

Колку во правењето на вашите чекори ви помогна школата, професионализмот и искуството на проф. Рисима?

Адријана Сè што сум поминала до сега, сум со неа. Сите проекти сме ги работеле заеднички. Таа има голем удел во моето учење и е најголемиот ментор кој ми се појавил до сега. Јас сум единствена од танчарите во академијата која сè уште се дел од оваа академија.

Филмот „Дома“ беше во ваша режија и кореографија, какво беше тоа искуство?

Адријана „Дома“ произлезе во екот на короната и барав нов медиум за прикажување на нештата. Не бевме способни да настапуваме по театрите, на ниедна сцена, па тоа произлезе како фантазија на реалноста што ни се случуваше во моментот. Работев со различни уметници, имавме актери и луѓе кои не беа воопшто дел од уметничките води, ги вклучивме во проектот. Снимавме на многу локации низ Македонија и излезе нов интересен проект кај нас. Тоа е првиот македонски танцов филм.

Филмот се прикажа на многу фестивали до сега, многу луѓе го видоа и сите беа воодушевени.

Што е суштината на танцот и танцувањето?

Адријана Немам некоја права дефиниција. Ги опипува сетилата на човекот, како и секоја друга уметност.

Што ве инспирира при создавањето на една танцова кореографија?

Адријана Секогаш е различно. Може да е некоја ситуација, некоја личност, приватна ситуација, може да е само форма која ме инспирирала да создадам некоја визуелизација на истата.

Со кои предизвици се соочува танцовата култура денес?

Адријана Доколку зборуваме за Академијата, ние од почетокот сме партнери со едни од врвните академии во Европа, соработуваме со фестивалот Шер каде што сме дел од групацијата на седум академии. Имаме поврзаност со странски професори и студенти, имаме знаења и искуства.

Кога би зборувале за независната сцена и танцот во институција, кај нас оди малку потешко. Вистинска борба е да се препознае танцот во Македонија.

Целта е да создадеме подлога за танчарите кои завршуваат кај нашите факултети, да имаат каде да продолжат да работат во нашата држава. Супер е што некои успеваат да излезат од овде и наоѓаат нови правци и услови за работа, но супер би било да им понудиме да останат кај нас.

Просториите на Домот на АРМ се користат од страна на Универзитетот Гоце Делчев, Штип. Тука имаме доста перформанси кои ги изведуваме. Тоа е некој нов момент на нашата сцена, нашите неконвенцијални простори добиваат нов облик со тоа што носиме нова публика и се запознаваат со нови простори постојано.

Документарен магазин Приказна

Како луѓето реагираат на она што како танцова култура го презентирате надвор од земјата?

Адријана Гостувањето во Латвија беше последното наше гостување, првото беше во Загреб. Супер бевме признаени. Во Загреб првпат гостуваме. Публиката беше многу среќна и изненадена бидејќи до сега не сретнале македонски изведувачи. Таму одржав и мастер работилница. Во Латвија играв на отворена сцена, и споделивме различни искуства со компании од Европа.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ