16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Ана и Андријана инспирираат: Кога ви велат дека нема да успеете, верувајте дека сте на правиот пат до успехот

Водејќи се од идејата на луѓето да им понудат лесно достапен свеж и здрав оброк, Андријана и Ана, основаат фирма која веќе три години успешно работи и на луѓето во ова бурно и динамично секојдневие им дава можност да се хранат здраво, а со тоа да внимаваат на здравјето. „Мелем од вкусови“ е инспиративен обид за здрава храна и здрави животни навики, но и поттик за чување на нашата планета.

Идејата беше да им понудиме на луѓето повеќе варијанти на здрави оброци, особено во периодот кога се на работа, да можат да изберат нешто здраво за да го започнат денот попозитивно и порастоварени да се физички. Здравата храна, за разлика од масната храна дава повеќе енергија и подобра концентрација. Затоа целта ни беше да се понудат неколку видови на здрави оброци“, раскажува Ана Јорданова Дубровска за Приказна.

Наша инспирација беше да понудиме колку може повеќе решенија на луѓето за здрави оброци. Најчесто постојат изговори дека немаат опција за брза храна и затоа се одлучуваат на таа нездрава храна. Ние сакавме да ја понудиме опцијата за брза, но здрава храна, дополнува Андријана Срчокова.

Она што го замисливме на почетокот, го остваривме. Се развивме и многу повеќе. Почнавме да го развиваме производот, да ставаме нови линии на барање на потрошувачите. Увидовме дека сме на правиот пат и дека можеме да успееме, раскажува Ана Јорданова Дубровска за Приказна.

Пандемијата беше време во кое како сè да сопре. Но, пандемијата беше и време кога нивната приказна се појави како инспиративна свежина, како преку храната за се чува здравјето.

Ние отворивме во време на короната и сфативме дека приоритет на човекот треба да биде здравјето. За почеток размислувавме како да биде, дали да биде само опција на житни оброци, дали да биде смути, но на крај одлучивме да понудиме широка палета на производи и со текот на работењето сфативме дека луѓето имаат потреба и сакаат да имаат опција во текот на целата недела здраво да се хранат. Заедно со Ана одлучивме да понудиме опција за неделни пакети, за 5 дена. Луѓето поминуваат сабајле кога одат на работа и си ги земаат оброците“ споделува Андријана.

Поддршката при почеток на нов бизнис е секогаш важна, но истрајноста и вербата во тоа што е твоја цел е уште поважна. Ана и Андријана се навистина инспиративни. Освен што подготвуваат здрава храна, дополнително со фактот дека користат транспорт со велосипед, даваат дополнителна вредност на одржливост на својот бренд, но и на нашата планета.

Реално, не само како жени, ние до сега не сме имале проблеми дури во некои случаи имаме и предност. Сепак е предизвик да се води бизнис. Ние сме единствени во Македонија кои користиме стаклена амбалажа. Немаме никаков слух од ниедна компанија која би помогнала заради тоа што цените на нашите производи се исти како сите останати кои користат пластика, а ние не користиме. Гледаме максимално да ја заштитуваме животната околина. Стаклото е подобро за самите производи и се реупотребува. 80% од нашите клиенти ни ги враќаат теглите и ние ги употребуваме повторно, смета Срчкова.

Имаме многу поддршка, иако имавме и скептични коментари дека е време на криза. Во овие три години кризата сè уште трае, но нашата идеја е успешна поради тоа што ние нудиме решение за луѓето, а не само да продаваме производи. Нашите клиенти се долгорочни. Имаме клиенти кои се со нас од самиот почеток. Нашите производи се уникатни. Имавме еден настан на кој сакавме да даваме совети за здрава храна, настан на кој присуствуваа нутриционисти, тренер за животни вештини. Сакаме да работиме и со едукација на луѓето, да се уверат дека лесно е да се живее здраво“, вели Андријана.

Таа додава: Јас работам од свои 18 години. Сметам дека секој треба да си го најде своето место во општеството, да не биде на товар на државата ниту на семејството. Сметам дека секоја жена треба да се охрабри да започне, да не одлага, да ги исполнува своите соништа. Мислам дека многу е важно секој да биде независен.

Документарен магазин Приказна

Економската независност е важна за жената од многу причини.

Во ова општество предизвикувачки е кој било да води бизнис, не само жените туку и мажите. Има многу проблеми и работи коишто треба да се решат. Со упорност, работа, креативност и истрајност може да се успее сè, смета Ана. Таа додава: Економската независност исто така е важна за сите, не само за жените. Важна е и за државата и за мажите, да се осамостојат децата, секако и за жената. Нејзината креативност треба да се види во општеството и таа не само што ќе биде економски независна, таа ќе придонесе во општеството за да се развива. Само со работа на двата пола, ние може да одиме напред.

Секако дека економската независност дава сигурност. Тука влијаат и многу други фактори како што се образованието, разните вештини кои се учат во текот на годините, но кога жената е економски независна таа може да биде посигурна во себе и да се спротивстави на кое било поле. Може да прифати дека може да живее и сама и во заедница, односно да си го стави своето јас онаму каде што треба.

Секоја жена треба да биде храбра. Колку и да ви велат дека нема да успеете, верувајте дека тогаш сте на правиот пат и дека ќе успеете, порачува Андријана.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ