11.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Ана Зафирова: Иднината е во инфлуенсерството и медиумската писменост на публиката

Темата инфлуенсери кај нас е мошне широко распространета. Гледаме дека берзата на инфлуенсери на социјалните мрежи е прилично богата. Но, дали станува збор за дефинирани инфлуенсери кои може да ги користи маркетинг индустријата. Или можеби тоа се инфлуенсери кои сакам да ги именувам како пано на кое се набодени различни производи. Тоа е тема за дискусија, вели во интервју за Приказна, новинарката Ана Зафирова

Што е инфлуенсер?

Ана Зафирова Што е инфлуенсер и кој е инфлуенсер, дали се тоа оние претставници на генерација зет (Z) кои трчаат по слава и популарност меѓу своите врсници? Или пак, се оние кои ја креираат свеста или креираат јавно мислење за одредена тема или производ.

Темата инфлуенсери кај нас е мошне широко распространета. Гледаме дека берзата на инфлуенсери на социјалните мрежи е прилично богата. Но, дали станува збор за дефинирани инфлуенсери кои може да ги користи маркетинг индустријата. Или можеби тоа се инфлуенсери кои сакам да ги именувам како пано на кое се набодени различни производи. Тоа е тема за дискусија.

Како се категоризираат инфлуенсерите?

Ана Зафирова Глобално познато е дека постојат макро-инфлуенсери. Тоа е оние со кои најчесто се идентификуваат: артисти, пејачи, уметници, актери …

Дали станува збор за микро-инфлуенсери или за нано-инфлуенсери? Таа диференцијација кај нас не е прецизна. Сепак, за среќа имаме добри и позитивни примери на такви профили на инфлуенсери кои креираат став и производ со кои може да се идентификуваат врз основа на мисија или пак вредности кои ги носи производот или компанијата што ја промовираат.

Дали инфлуенсерите со своите содржини влијаат врз публиката?

Ана Зафирова Најголеми креатори на инфлуенсерска содржина се претставниците на генерација зет (Z), но и тие се најчесто консументи на таква содржина зашто платформата Инстаграм е најшироко распространета меѓу нив. И Тик-ток како платформа е многу популарна и зазема замав кај инфлуенсерите. Фејсбук можеби малку и заостанува. Затоа велам дека со Фејсбук се идентификува само повозрасна генерација на корисници на социјални мрежи.

Инфлуенсерите и социјалните мрежи креираат припадност кон одреден бренд и производ. Тие стануваат промотори. Од нив може да дознаеме за наградни игри, подароци, попусти … Тие се бренд амбасадори и маркетинг индустријата ги препознава како клучна алка во креирање на нивните стратегии, особено затоа што тие ја даваат таа човечка димензија и дополнителна вредност на услугите кои ги нудат.

Кои инфлуенсери ги следите?

Ана Зафирова Јас следам одредени инфлуенсери и кај нас, и регионални, но и глобални инфлуенсери. Според тоа решавам што ќе се готви дома, како да се облечам, или што треба да се погледне од културна содржина (филм, музика, театарска претстава) …

Мислам дека денес малку луѓе остануваат имуни на инфлуенсерството.

Имфлуенсерите може да бидат и креатори на политика т.е. да учествуваат во политички избори. Како што беше случајот во Црна Гора, инфлуенсер, скоро 1% од гласачкото тело го зема за себе. Јован Радуловиќ мислам се вика и е популарен таму. Иднината е токму во инфлуенсерството, но да верувате и да следите инфлуенсери кои го задржуваат и го заслужуваат вашето внимание.

Дали инфлуенсерите имаат етичка одговорност?

Ана Зафирова Општествената одговорност на компанијата треба да процени дали одреден инфлуенсер е соодветен врз основа на вредностите кои ги има компанијата, мисијата, визијата. Затоа спомнав дека кај нас нема многу инфлуенсери кои се компатибилни со брендовите кои ги презентираат од една страна и одговорноста на самиот инфлуенсер е пресудна за тоа каква содржина ќе креира и дали таа е етичка, од друга страна.

За жал, во Македонија не постои регулатива според која може да се уреди овој простор на социјалните мрежи. Се надевам во блиска иднина ќе бидеме сведоци на такво нешто за да може да разговараме за регулиран пазар. Она што е комерцијална содржина да биде јасно обележано и следбениците на тој инфлуенсер нема да бидат подложни на манипулација. Затоа силно охрабрувам критичко следење на содржината, охрабрувам медиумска писменост за да може да се расчленат формите на манипулација со публиката. Веќе имаме надежи во таа насока.

Медиумската писменост не е табу-тема, туку интензивно се работи на неа. Сакам внимателно да се следат инфлуенсерите. Ако некому не верувате престанете да го следите. Така тој го добива вашиот став многу поригидно во однос на тоа што се наметнува да го каже.

Наташа Јанкулоска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,279FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ