4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Актерите Дарја Ризова и Саша Ханџиќ најдобри на Интернационалните театарски средби

Актерите на камерната драма „Нема да биде крај на светот“, Дарја Ризова и Саша Ханџиќ повторно најдобри, овојпат на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ.

На ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, одржани од 20.10. – 28.10.2022 година, стручното жири одлучи наградата за најдобра млада актерка да ја додели на Дарја Ризова за улогата на Маша, а наградата за најдобра споредна улога (актер или актерка), едногласно му беше доделена на Саша Ханџиќ за улогата на Таткото, а воедно Ханџиќ е добитник и на наградата за најдобра машка улога за улогата на Вања во претставата „Куќа“.

Ова е една хармонично изградена претстава, драматуршки склопена и режисерски заокружена само со тројца актери. Досега претставата „Нема да биде крај на светот“ се одигра на 6 (шест) интернационални фестивали каде што од секој еден освои награди: специјална награда за режија на Нина Николиќ, најдобра актерка Дарја Ризова, најдобар актер Саша Хаџиќ и специјална награда за актерката Џана Џаниќ, на фестивалот „Живи фест“, БиХ.

Дарја Ризова беше наградена како најдобра актерка на меѓународно ниво на фестивалот во Бурса, Р Турција, најдобра регионална актерка на фестивалот на актерот во Коњиц, БиХ. Ризова стана и дел од историјата на ФКТ „Ристо Шишков“ како најдобра актерка за улогата на Маша.

На фестивалот „БиХ драма Зеница“-БиХ, претставата беше прогласена за најдобра претстава во целина. Претставата до сега има добиено вкупно 11 (единаесет) награди.

Претставата е копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево.

Следната изведба е закажана на 8 ноември во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот.

Известува – Мила Анѓелковиќ, РСМ НУ Македонски народен театар

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,818FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ