20.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024
spot_img

Адвокат Маја Ристова: Со мобингот се деградираат и понижуваат вработените

Во моментот има две конечни, правосилни и извршни. Лично и јас имам пресуди кои сè уште не ми се потврдени. Прво, утврдуваме дали се случувал мобингот или не. Таа е деклараторна тужба за утврдување и откако ќе утврдиме се бара надомест на штета. Штетата ја одредува психијатриско вештачење и во зависност од тоа колкав е степенот и последиците, толкав ќе биде и надоместот. Нема рамка или критериум колку може некој да земе надомест на штета. Зависи од последицата. Не е исто една година и три години некој да биде вознемируван.

Кај мобингот тужиме физичко лице, не ја тужиме компанијата. Затоа што компанијата не е директно инволвирана можеби кога ќе се врати работникот, тој да не е во ист сектор. Ако е, има две можности или да се зголеми мобингот или многу да се внимава затоа што веќе тоа поминало на суд. Зависи од карактерот на човекот. Мобингот директно влијае на здравјето на луѓето. Многу е подобро навремено да се преземе нешто за да не биде доцна. Таа жртва веќе има последици, не само врз здравјето. Тој проблем го носи и дома, со фамилијата, со најблиските. Има депресија, анксиозност, висок крвен притисок, се појавува шеќер. Не треба многу да се чека и да се занемарува затоа што директно напаѓа. Психијатриското вештачење е најголемиот доказ кај мобингот, вели во интервју за Приказна, адвокатката Маја Ристова.

Што е мобинг?

Маја Ристова Гледајќи дефинициски, мобингот е негативно однесување коешто се повторува систематски и континуирано во период од најмалку 6 месеци, а предизвикува пониженост кон оној кој се вознемирува, се омаловажува, а целта е да се почувствува непријатно, неудобно и на крај да си замине од своето работно место.

Кои се најчестите однесувања на моберите?

Маја Ристова Ние имаме специјален закон за заштита од вознемирување на работно место, но во самиот закон не се дефинирани дејствија што значи мобинг. Секој граѓанин не може да го отвори и да прочита. Но, постои судска пракса која е по примена од ЕУ и кои го дефинираат мобингот како давање на бесмислени работни задачи, кои не се во опис и попис на работните задачи што ги работи работникот или нешто што е целта да се деградира. На пример лице вработено на место правник, му се дава работна задача да го чисти подот или да купува намирници, да подготвува кафе итн. Целта е да се спушти пониско и да се чувствува деградирано и понижено.

Освен давање на бесмислени работни задачи, мобинг може да значи и давање на преголем обем на задачи со мали рокови на извршување. Пример се дава работна задача во понеделик која бара време, труд и енергија за да се изврши таа работна задача, а се очекува дека таа ќе биде завршена во рок од 24 часа, што е невозможно дури и работникот да спие на работа, тоа не може да го изврши. Целта е работникот да се чувствува неспособно дека тој не може да го изврши тоа во зададениот рок.

Освен преголемиот обем на задачи, може да му се дадат и премалку задачи или пак да не му се даваат работни задачи, со цел работникот да се чувствува дека не е способен. Даваат на сите во секторот, но него не. Обично тоа се случува кај многу амбициозни и вредни луѓе, затоа што тие како казна го доживуваат тоа кога се оставени без работа и работни задачи. Едноставно само седат на работно место и се чувствуваат непродуктивно, за разлика од другите колеги.

Мобинг може да значи и одземени материјали за работа, да немаме основни средства за работа. Ако јас како адвокат имам потреба од компјутер за работа, роковник, судски предмети, службен телефон, на работникот му ги одземаат тие средства за да седи. Мобинг се и навреди од типот на неспособен, глупав. Може да биде и невербално. Често прераспределување од едно на друго место исто може да значи мобинг. Само што ќе се навикне и адаптира, се распределува во друга средина.

Кај административните службеници многу често се врши мобинг кај нивното оценување. Некој што е успешен кој заслужува висока оценка, намерно се оценува многу пониско за да се чувствува неубаво, неудобно, да му се наруши самодовербата.

Која е постапката за заштита од вознемирување?

Маја Ристова Законот предвидува и вонсудска постапка за заштита од вознемирување на работно место. Многу луѓе и работници не го знаат тоа, а треба да се информираат. Сите како да сакаат да одат директно на суд, со тужба. Законот предвидел и постапка за медијација што значи мирење, но не е задолжителна. Тој што е посредник е од редот на вработените, што повлекува прашање колку тој би бил независен и непристрасен. Ако земеме во вид дека посредникот е колега на моберот, по автоматизам барем во Македонија, не може тој да има успешно посредување. Ако моберот е директор на компанијата, посредникот нема да каже ништо против него, затоа што може да биде следен.

Бидејќи бев во работната група за измени на овој закон, барав посредникот да не биде од компанијата туку да биде од надвор. Но, постои опција да се реши мирно, фино, културно. Исто така законот предвидел дека тој којшто вознемирува, треба писмено да се предупреди. Ако јас сум жртва на мобинг, треба писмено да му се обратам на моберот објаснувајќи дека ме вознемиривте на тој и тој начин, со тоа дејствие, ве молам да не го правите тоа во иднина, во спротивно ќе ги барам своите права пред суд. Целта на ова предупредување е освен да се заврши вонсудски, да се избегне недоразбирање. Имало случаи каде моберот ќе рече, јас не знаев дека тебе тоа те вознемири, јас така си разговарам, така повишувам тон. Кога би знаел моберот дека некого тоа го вознемирува, тоа е како шанса, како можност да разговараат и да го решат проблемот. Доколу не се успее со ова, постапката може да продолжи на суд.

До каде е постапката за новиот закон?

Маја Ристова Предлогот е изготвен, верувам дека набрзо ќе биде во собраниска процедура. Се надевам дека ќе биде тој текст кој работната група од судии, професори, адвокати се вложивме. Имаше теоретичари и практичари за да може да се подобри состојбата кај нас, да нема две пресуди, да има многу повеќе затоа што знаеме дека мобингот навистина се случува, но во однос на докажувањето и храброста и сè што е друго останато да поработиме за да може да имаме поголем успех.

Во кој дел ќе има измена?

Маја Ристова Ќе има измена во делот на тоа дека не треба да биде тоа 6 месеци период. Тоа значи дека и едно дејствие може да биде мобинг. Можни се злоупотреби во тој дел, но сепак е на некој начин некоја дополнителна заштита за работниците. Оние кои малтретираат ќе внимаваат. Тие што знаат дека периодот е 6 месеци, може да вознемируваат 4 месеци и да престанат. Тоа може да има негативни последици врз здравјето на човекот, што тој не може да тужи затоа што нема 6 месеци период. Сега, ќе се менува тоа.

Со новите измени подетално се дефинирани работите и не се сфаќаат двосмислено, како што беше претходно. Ако претходно имавме ова го толкуваме вака или така, сега е толкувањето подетално за да не може да биде оставено секој да си го толкува како што сака. Се надевам дека ќе биде тоа помош за поуспешна работа.

Документарен магазин Приказна

Дали во нашата држава имаме позитивни судски пресуди за мобинг? Што добиваат жртвите со пресудата?

Маја Ристова Во моментот има две конечни, правосилни и извршни. Лично и јас имам пресуди кои сè уште не ми се потврдени. Прво, утврдуваме дали се случувал мобингот или не. Таа е деклараторна тужба за утврдување и откако ќе утврдиме се бара надомест на штета. Штетата ја одредува психијатриско вештачење и во зависност од тоа колкав е степенот и последиците, толкав ќе биде и надоместот. Нема рамка или критериум колку може некој да земе надомест на штета. Зависи од последицата. Не е исто една година и три години некој да биде вознемируван.

Кај мобингот тужиме физичко лице, не ја тужиме компанијата. Затоа што компанијата не е директно инволвирана можеби кога ќе се врати работникот, тој да не е во ист сектор. Ако е, има две можности или да се зголеми мобингот или многу да се внимава затоа што веќе тоа поминало на суд. Зависи од карактерот на човекот. Мобингот директно влијае на здравјето на луѓето. Многу е подобро навремено да се преземе нешто за да не биде доцна. Таа жртва веќе има последици, не само врз здравјето. Тој проблем го носи и дома, со фамилијата, со најблиските. Има депресија, анксиозност, висок крвен притисок, се појавува шеќер. Не треба многу да се чека и да се занемарува затоа што директно напаѓа. Психијатриското вештачење е најголемиот доказ кај мобингот.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,513FansLike
3,140FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ