6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Правилна заштита на детската кожа од сонце

Кожата на децата во споредба со возрасните е потенка и создава помалку меланин. Кај некои деца дури и воопшто го нема, па поради тоа заштитата од УВ зраците е помала.

Секој родител се грижи да го заштити своето дете од изгореници од сонце во текот на летните одмори. Најдобра заштита е редовното нанесување на крем со висок фактор, но и избегнување непотребно изложување на сончевите зраци. Покрај кремите, заштитата подразбира и соодветна памучна облека, шешир, очилата за сонце и чадорите. Кожата на бебињата и децата е под голем ризик од изгореници од сонце, а добиените изгореници во првите 15 дена од животот може да бидат показател за зголемување на ризикот од појава на карцином на кожа.

„Во однос на децата, најчеста причина што може да се јави е иритацијата, особено кај деца од 7 години па нагоре. Исто така на предилекционите места каде што постојано кај малите деца се става облека, се ставаат пелени итн., главна е иритацијата и нанесување на разни хемиски средства и самолекување“ вели за Приказна др. Боро Џонов. Еден од ризик факторите е и пубертетот и бременоста. Во овој период многу е важно да се прават скрининзи. Постојат неколку ризични групи кај кои треба почесто да се прават тие скрининзи, да ги посетуваат матичните дерматолози, да се прават дермоскопи. Препораката е што помалку сончање, неизложување на сонце, независно колку и да се сака сонцето, колку и да изгледа убаво во летно време, човек треба да е заштитен од сонцето и доколку се осети промена веднаш да се отиде на лекар да се направи дијагностика и да се види дали треба да се интервенира или не, додава Џонов.

На детската кожа потребно е да се нанесува крем со фактор 50. Кај децата под 6 месеци вообичаено не се нанесува крем, но и не се изложуваат на директно сонце. Децата од 6 до 12 месеци може да бидат изложени на сонце 15 минути, со претходно нанесена крем со заштитен фактор 50, 30 минути пред излегување на плажа, а по два часа, таа постапка треба да се повтори. По секое капење во море, кожата на децата треба да се измие со вода и повторно да се нанесе заштитен фактор.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,097FansLike
2,009FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ