За многумина годините претставуваат пречка за забавни активности, а за други пак тие се само неважна бројка која не треба да биде изговор кога забавата е во прашање. Важен е духот, а не бројката на годините. Тоа го потврдуваат 95 годишната баба и нејзиниот внук.
Јутјуберот Рос Смит и неговата баба Паулина Кана се само еден пример за тоа како треба да се ужива и живее секој ден. Тие заедно го трошат времето снимајќи забавни работи, носејќи смешни костими инспирирани од разни празници, објавувајќи ги на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници: Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.
Ви претставуваме само дел од нивните заеднички забавни фотографии.